Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Брод за крстосување со 122 патници се заринка на Антарктик

Туристичките патувања за Антарктикот, но и ризикот, петпати се зголемени во последните 15 години

Брод за крстосување со 122 патници се заринка на брегот на Антарктикот, соопшти аргентинската морнарица. Адмиралот Даниел Мартин изјави дека бродот „Ушуаја“, регистриран во Панама, испуштал гориво и дека во него влегува „минимално количество вода“. Тој за локалната телевизија изјави дека ниту еден од патниците не е повреден и оти бродот не е во опасност да потоне. Морнарицата соопшти дека друг патнички брод во областа е на пат да ги спаси патниците.

Аргентина и Чиле соопштија дека испраќаат спасувачка мисија за „Ушуаја“, на кој се превезувале 89 патници и 33 членови на екипажот. Нема информации за нивната националност. „Целта е патниците да се симнат од бродот во најкус можен рок, а тоа ќе се направи со ’Атлантик дрим‘, кој наскоро ќе пристигне таму“, изјави адмиралот Мартин, осврнувајќи се на бродот што се движи кон заринканиот брод.

Туристичките патувања за Антарктикот петпати се зголемени во последните 15 години. За периодот 2006/2007 година, повеќе од 37.000 туристи го посетија тој регион. Организацијата изрази загриженост дека некои од бродовите не се соодветно зајакнати за замрзнатите мориња. Пред една година 150 патници мораа да бидат евакуирани со чамци за спасување кога нивниот брод се удри во санта мраз во близина на Јужните Шетландски Острови во Јужниот Леден Океан. При ударот на бродот „М/С експлорер“, со носивост од 2.400 тони, се отвори кратер во трупот и на крајот потона. Сите што беа на него беа евакуирани од бродот што беше во негова близина. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Полицијата насила истера еврејски доселеници од Хеброн
Путин до 2012 нема амбиции за Кремљ
Почина поглаварот на Руската црква Алексиј Втори
Кражба на столетието во Париз
Имало безбедносни пропусти во Мумбаи
Десет години затвор за курдски политичар
„МИГ 29“ се урна во Сибир
Меркел без покана за средба во ЕУ