Меркел без покана за средба во ЕУ
Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел не е поканета на важна економска средба на лидери на Европската унија (ЕУ), што е предвидено в понеделник да се одржи во Лондон. „Без Германија ништо не може да се направи во ЕУ. Канцеларката не е изолирана, Германија не е изолирана“, изјави гневно портпаролот на германската влада Томас Шчег.
На средбата предвидено е да учествуваат британскиот премиер Гордон Браон, францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, кој ќе разговараат за економската криза. (Макфакс) |