„МИГ 29“ се урна во Сибир
Москва - Руски авион ловец „МИГ-29“ се урна при тренажен лет во јужента од Сибир, а пилотот загина, соопшти Итар-ТАСС. Авионот при падот не предизвика штети на земјата. Во октомври авион „МИГ 29“, што поле истата военовоздушна база во Домна, се урна, но неговиот пилот тогаш навремено се катапултира и се спаси. Според експертите причина за несреќата беше од техничка природа, а сега претстои да се утврди каква е точно причината за оваа несреќа.
Несреќата ја принуди командата на руските Воено-воздушни сили привремено да ги прекине сите полетувања на ловците „МиГ-29“, лидер на руската воена авијација од 80-те години на минатиот век до денеска. (МИА) |