Протерани пет мисионерки од Мароко
РАБАТ - Мароко протера пет европски мисионерки поради тоа што се обиделе да преобратат локални муслимани во христијани. Петте жени се качени на ферибот и испратени за Шпанија, земјата од каде што потекнуваат четири од петте мисионерки. Петтата е од Германија.
Мароко се гордее со големата религиозна толеранција, но во последните неколку недели стана построг кон шиитски муслимани. Во земјата со закон е забранет обидот да се преобратат муслимани, а портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека петтемина се фатени „на дело“. Наводно, биле пронајдени голем број видеокасети на арапски јазик, кога полицијата упадна на средбата опишана како евангелска. (Би-Би-Си) |