Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Црна Гора повторно го избра Мило Ѓукановиќ

Мнозинството гласачи го дадоа својот глас за подобар живот и европска иднина, изјави старо-новиот премиер

Подгорица - Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, објави убедлива победа на Демократската партија на социјалистите на вчерашните предвремени парламентарни избори.

„Коалицијата ’За европска Црна Гора‘, предводена од Демократската партија на социјалистите, ќе има од 47 до 49 пратеници од вкупно 81 пратенички мандат. Мнозинството гласачи го дадоа својот глас за подобар живот и европска иднина на Црна Гора“, истакна Ѓукановиќ.

Тој најави дека во најкус можен рок ќе формира одговорна влада, која ќе ги продолжи реформите со цел приближување на Црна Гора кон европските и евроатлантските вредности.

Претходно, политичкиот директор на Демократската партија на социјалистите, Предраг Секулиќ, изјави дека коалицијата на премиерот Мило Ѓукановиќ доби апсолутно мнозинство во црногорскиот парламент.

Тој наведе дека коалицијата „За европска Црна Гора“ во новиот парламентарен состав ќе има од 15 до 20 проценти повеќе мандати од досегашниот состав.

Според прелиминарните податоци на Центарот за мониторинг „За европска Црна Гора“, освои 49 пратеници, Социјалистичката народна партија - 15, Нова српска демократија - осум и Движење за промени пет пратеници, по еден мандат освоија и сите четири албански партии. 

На вчерашните предвремени парламентарни избори во Црна Гора околу 500.000 гласачи избираат 81 пратеник од 16 политички партии и коалиции.

Според агенциите за испитување на јавното мислење, за коалицијата гласале 50 проценти од избирачите, за опозициската Социјалистичка народна партија - 16 отсто, за Нова српска демократија - осум, а за Движењето за промени гласале околу шест проценти. Најверојатно, другите партии не го поминале изборниот праг.

Официјалните резултати од изборите ќе бидат соопштени подоцна од страна на Државната изборна комисија. (МИА)


Статијата е прочитана 193 пати.

Испрати коментар

Од: blazo0870
Датум: 31.03.2009 17:03:22
bravo za crna gora,taka se cuva drzava ,site za milo.

Најди! во Утрински
Свет
Амнести интeрнешенел- Грчката полиција ги крши човековите права
Јапонец преживеал две експлозии од атомски бомби
Обама патува во Лондон со 500 члена придружба
Крвава драма во полициска академија во Пакистан
Во железничка несреќа загинаа најмалку 200 луѓе
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
Масакр во дом за стари лица во Северна Каролина
Протерани пет мисионерки од Мароко
Седуммина загинати за локалните избори во Турција