Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Во железничка несреќа загинаа најмалку 200 луѓе

Неколку стотици луѓе беа повредени кога брз патнички воз налета и удри во товарен воз

ДОДОМА - Спасувачките екипи од Танзанија вчера се обидуваа да ги извлечат жртвите од железничката несреќа во која загинаа најмалку 200 луѓе, а властите ветија дека ќе се спроведе истрага во услови на загриженост дека билансот на жртвите би можел уште да се зголеми. Неколку стотици луѓе беа повредени кога брз патнички воз налета и удри во товарен воз. Луѓето заглавени во остатоците од вагоните повикуваа помош и десет часови по несреќата што се случи вчера во утринските часови, јави новинарка на Независна телевизија.

Спасувачите немаа соодветна опрема за да го пресечат извитканиот челик и да ги ослободат заглавените, јави новинарката.

„Гледано од далеку, како се поставени вагоните еден врз друг, би помислиле дека тоа е повеќекатна зграда“, рече премиерот Фредрик Сумае пред парламентот во Додома, откако го посети местото на несреќата. „Владата ќе организира истрага за да се открие причината за овој трагичен случај“, рече Сумаје во парламентот. Не е познато кога ќе започне истрагата.

Преживеаните опишуваа како патниците скокале од забрзаниот воз во очаен обид да преживеат кога машиновозачот удрил во полните вагони извикувајќи дека нема контрола врз возот со околу 1.000 патници. Медицински извори јавија дека билансот на жртвите е најмалку 200, но веројатно ќе се зголеми како што продолжуваат операциите за извлекување на телата од остатоците. (Си-Би-Ес)


Статијата е прочитана 265 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Амнести интeрнешенел- Грчката полиција ги крши човековите права
Јапонец преживеал две експлозии од атомски бомби
Црна Гора повторно го избра Мило Ѓукановиќ
Обама патува во Лондон со 500 члена придружба
Крвава драма во полициска академија во Пакистан
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
Масакр во дом за стари лица во Северна Каролина
Протерани пет мисионерки од Мароко
Седуммина загинати за локалните избори во Турција