Јапонец преживеал две експлозии од атомски бомби
Токио - Јапонецот Цитому Јамагучи преживеал две експлозии од атомски бомби, но државата му го признала статусот на двојна жртва дури по 63 години.
Јамагучи, кој денес има 93 години, чекал цели 63 години за конечно да биде прогласен за единствен човек на светот кој доживеал и преживеал две експлозии од атомски бомби.
На 6 август 1945 година, младиот бизнисмен Цитому Јамагучи од Нагасаки, поради работа допатувал во Хирошима. Истиот ден американскиот бомбардер УС-Б-29 ја фрли првата атомска бомба во историјата врз цивилно население. Тој е еден од 140.000 преживеани.
Шокиран од она што го доживеал, Јамагучи веднаш се вратил дома во Нагасаки, не помислувајќи ниту еден момент дека оваа црна страна на историјата уште еднаш ќе се повтори пред неговите очи.
Сепак, само три дена подоцна и градот Нагасаки ќе исчизне во експлозијата од атомска бомба. (МИА) |