Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Обама патува во Лондон со 500 члена придружба

Лондон - Повеќе британски весници ја коментираат фантастичната придружба со која американскиот претседател Барак Обама ќе допатува на претстојниот самит на Групата 20 во Лондон. 

Обама во британската престолнина ќе пристигне во придружба на 500 члена персонал, меѓу кои 200 члена на безбедносните и разузнавачките служби, шестмина лекари и екипа готвачи од Белата куќа. Неговата сопруга Мишел ќе носи осуммина членови од личниот персонал.

„Кога патува претседателот, патува и Белата куќа“, објасни еден официјален претставник на американската администрација.

Покрај бројниот персонал, Обама ќе ја има на располагање и својата официјална лимузина, позната под името „ѕвер“. Станува збор за специјално блендирано возило, направено од зајакнат челик, алуминиум и титаниум, кој однатре е целосно запечатен, со резервоари на кислород, така што може да го заштити претседателот дури и од хемиски или биолошки напад. Резервоарот за бензин е обложен со специјална пена која ја спречува можноста од експлозија при евентуален судир, а гумите се така направени да обезбедуваат сигурно возење дури и да се дупнати.

Возилото има и сопствено вооружување и топ со солзавец, како и резерви крв од крвната група на претседателот АБ.

Обама следната недела во Лондон ќе пристигне со сопствениот претседателски авион „боинг 747“ (Air Force One), кој е опремен и со фитнес-центар, а до центарот на Лондон ќе биде превезен со сопствениот супер обезбеден хеликоптер, познат како Marin One, пишуваат „Обсервер“ и „Сандеј тајмс“. 


Статијата е прочитана 364 пати.

Испрати коментар

Од: toma Gule
Датум: 31.03.2009 10:27:31
Da se znae koj e Koj!

Најди! во Утрински
Свет
Амнести интeрнешенел- Грчката полиција ги крши човековите права
Јапонец преживеал две експлозии од атомски бомби
Црна Гора повторно го избра Мило Ѓукановиќ
Крвава драма во полициска академија во Пакистан
Во железничка несреќа загинаа најмалку 200 луѓе
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
Масакр во дом за стари лица во Северна Каролина
Протерани пет мисионерки од Мароко
Седуммина загинати за локалните избори во Турција