Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Јонуз си оди, Костов преодно решение?

Досегашната работа на селекторот е единствена точка на дневниот ред на денешната седница на УО на ФФМ во Дојран

Сашко Ѓ. Димовски

Селекторот Мирсад Јонуз т.е. неговиот извештај за настапите и резултатите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2012 година ќе биде единственото нешто н�� дневниот ред на денешната седница на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). За неговата судбина ќе се расправа на југот на земјата, во хотелот „Истатов“ во Дојран во 13 часот.

И покрај силниот притисок во јавноста по последниот пораз од Република Ирска во Скопје, Јонуз, сепак, реши да остане на свое и да не поднесе оставка, па за неговата иднина на кормилото на националниот тим ќе мора да одлучат членовите на фудбалската влада на претседателот Харалампие Хаџи-Ристески.

Неофицијално дознаваме дека нема атмосфера за продолжување на соработката со актуелниот селектор меѓу членовите на Управниот одбор на ФФМ и речиси сигурно е дека денеска ќе има отказ кога веќе немаше оставка. Но, за таквите шпекулации не сакаа јавно да проговорат пред денешната седница.

Доколку Јонуз се повлече, потег што многумина го очекуваат попладнево во Дојран, тогаш ФФМ ќе оди на преодно решение до конечен избор за нов селектор. Притоа доверба ќе му укаже на актуелниот помошник на селекторот, Влатко Костов. Екс-кормиларот на Ренова и Работнички би ја водел репрезентацијата на наредниот закажан натпревар, оној пријателскиот во Баку против Азербејџан на 10 август, но не е исклучена можноста под негово водство да и' гостуваме и на Русија во септември во квалификациите за ЕП 2012. Во меѓувреме ФФМ ќе распише и конкурс за нов селектор како што беше случај по заминувањето на Словенецот Среќко Катанец и никако нема да оди на ад хок решение.

Мирсад Јонуз го презеде македонскиот А тим во мај месец во 2009 година наследувајќи ситуација што не' правеше, колку-толку, конкурентни за втората позиција во квалификациската група за СП 2010 во Јужна Африка пред гостинските дуели кај Шкотска и Норвешка.

Потоа побара и доби нов циклус откако го доработи мундијалскиот што го почна Катанец. Во него влезе со голема доза на оптимизам дека Македонија конечно има група преку која може да се надева на пласман на едно од првите две места и со самото тоа на место на континенталниот фудбалски самит догодина во Полска и Украина. Почна со пораз во Братислава од Словачка (0:1) по кој впишавме пораз и реми во двата есенска меча на „Филип Втори“ лани. Русите не' совладаа со 1:0, Ерменците си заминаа со бод (2:2) иако секунди ги делеа да ги спакуваат трите во Скопје (Македонија израмни со гол од пенал во судиското продолжение од мечот). Претходно ја совладавме Андора, аутсајдер во групата, со 2:0 што е наша единствена победа во овој циклус засега. Во 2011 година забележавме два пораза од Република Ирска, во Даблин загубивме со 2:1, во Скопје со 2:0 за крај на теоретските и хипотетички наши надежи и математички пресметки, ако воопшто и постоеја, дека второто место во групата и баражот за ЕП 2012 се дофатливи.

Македонија, под водство на Јонуз, имаше и низа од осум меча без пораз, но во пријателски мечеви кои служат за воигрување и проверка на силите на репрезентативците, а не и за исчекор од досегашните позиционирања во групите и пласман на голема фудбалска смотра за еуфорија и транс, момент што нацијата веќе долго време го чека од своите миленици.


#
Статијата е прочитана 1194 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 18.06.2011 12:44:29
Ako se izglasa nedoverba na selekt. Jonuz,Vlatko Kostov,preodno resenie?!.Zosto preodno?.Kostov e strateg vo najubavi godini,45-46(seuste mlad i akumulirano fudbalsko iskustvo).Besprekorna kari era fudbaler,Bregalnica,Pelister,Vardar,Lokomotiv- Sofija,reprezentacija.Zavidni trenerski uspesi.Oso- govo,Sasa,Kumanovo,Vlazrimi,Renova,Rabotnicki. Bregalnica,vnesuvanje na klubovi vo povisok rang , najdobar nivni plasman,sampionska ttitula.Trener na malda i seniorska reprezentacija.Da ne hi potcenuvame sopstvenite kadri,moze da bide i selektor!.

Најди! во Утрински
Спорт
Во Вардар се менуваа претседатели како на филмска лента
Римеч Изнер - Мау на Вимблдон
Титулата на Европското првенство 2012 носи 23,5 милиони евра
Меклиш нов тренер на Астон Вила
Рики Рубио од Барселона во НБА
Гебрселасие во Берлин по норма за ОИ
Манчестер Ј. на стартот кај Вест Бромвич

"""