Титулата на Европското првенство 2012 носи 23,5 милиони евра
На 16 учесници само за изборениот пласман ќе им бидат исплатени по осум милиони евра
Победникот на Европското фудбалско првенство што ќе се одржи в година во Полска и во Украина би можел да заработи 23,5 милиони евра ако ги добие сите шест натпревари во рамките на групата и потоа во нокаут-фазата. Одлуката б��ше објавена вчера по дводневниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА во Нион, од кој беше издадено и соопштение со кое се повикува ФИФА да спроведе реформи во рок од три месеца по корупциската криза што ја стресе светската куќа на фудбалот.
УЕФА го заокружи вкупниот награден фонд за 16 учесници на ЕП на 196 милиони евра, што е зголемување за 12 милиони во однос на последниот еврошампионат во Австрија и во Швајцарија. Секој од 16. финалисти ќе добие по осум милиони евра само за избореното учество на шампионатот.
Победа во рамките на групата носи еден милион евра, а нерешен резултат половина милион. Во четврт-финалето победата ќе вреди два милиона евра, во полуфиналето три, а во финалето 7,5 милиони евробанкноти. Поразениот во финалето, пак, ќе добие утеха во вид на 4,5 милиони евра.
УЕФА реши да го награди и третопласираниот тим во групата со еден милион евра.
„Тоа ќе дејствува како дополнителен мотив во ситуација првите две места во групата веќе да бидат решени“, објасни портпаролот.
Извршниот комитет донесе одлука и да воведе и официјални комеморативни капа и медал за фудбалерите што ќе одиграат сто натпревари за својата репрезентација. УЕФА објави и дека финалето на Лигата на шампионите во 2013 година, како и нејзиниот конгрес таа година да сеодржат во Англија во чест на одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од основањето на Фудбалската асоцијација на Англија, која е прва фудбалска организација во светот. |