АВОН
Онлајн-потрага по музички таленти
Козметичката компанија „Авон“ организира глобален онлајн-натпревар, наменет за жени со талент за пеење, но и за жени и мажи со талент за пишување текстови за песни. Компанијата го организира овој натпревар по повод 125 години од своето постоење, а идејата е да земат учество луѓе од 60 земји, со кои би започнале ново глобално музичко движење.
Глобалниот онлајн- музички натпревар ќе се одвива преку веб-страницата на „Авон“:www.AVONvoices.com. За пејачкиот натпревар, потребно е да се одбере конкретна песна од веб-страницата и да се прикачи видео на неа до 13 февруари 2011. На истата адреса и текстописците може да ги испратат своите песни.
Сево ова ќе го оценува реномирано жири од мегапопуларни ѕвезди на светската музичка сцена, како што се: Ферги, Дајан Ворен, Наташа Бедингфилд, руската сензација Валерија, австралиската актерка Делта Гудрем, перкусионистката Шеила, композиторот Дејвид Пај и колумбиската пејачка Маја.
Во едногодишната потрага за најталентиран глас на „Авон“ ќе биде вклучено и патување до ексклузивни дестинации за приближно 200 кандидати, кои ќе имаат шанса за професионална обука и целосна преобразба со помош на „Авон“. Најголемата придобивка од натпреварот ќе биде можноста за снимање на музичко видео. Целта на оваа потрага по таленти е да се пронајдат двајца талентирани пејачи - еден од претставниците на „Авон“, а другиот од пошироката јавност, кои ќе добијат шанса за снимање на професионален албум. Ј.П. |