Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Конкорд

Вонвременска убавица со скршени крилја

Четириесет и една година по неговиот прв лет и шест години по последниот, „конкордот“ се' уште е на врвот на анкетите за најдобар дизајн

Доцнеше неколку години и чинеше неколку милиони долари повеќе од предвидениот буџет. Техничките проблеми беа ужасни, а неговата промоција беше засенета од необично непријатни политички расправии за се', од важни инженерски проблеми до тоа дали името треба да му завршува со „е“ или не (Concorde).

Сепак, веднаш штом го имаше својот прв лет на 2 март 1969 година, „конкордот“ влезе во митологијата за дизајнот. За време на неговиот работен век, толпи луѓе се собираа на аеродромите да го видат неговото полетување и слетување. Случајните минувачи застануваа да гледаат додека со огромна брзина минува низ облаците, додека, пак, децата победнички аплаудираа. Дури и сега, кога се одбележа 41-годишнината од неговиот прв лет и шестата годишнина од последниот (откако стана жртва на пост 11-септемвриските рецесии за патување), „конкордот“ се' уште е на врвот на анкетите за најдобар дизајн.

Тој ќе изгледаше подеднакво заводлив ако леташе и денес. Дизајнот на „конкорд“ беше толку карактеристичен што ништо друго не изгледаше толку восхитувачко. Ниту еден најсовремен вселенски брод не е ниту одблизу како него, ниту, пак, суперџамбо-млазниот авион „А380“. Најсериозен конкурент веројатно му е „ларџ хардон колајдер“ (ЛХЦ), кој не само што е единствената најголема машина во историјата туку ветува дека ќе ги реши едни од најголемите мистерии во науката. Сепак, ЛХЦ е премногу мистериозен за да допре до толку многу луѓе, толку длабоко како што беше случајот со „конкордот“. Зошто неговата привлечност стара 41-година се покажа толку издржлива?

1. Ја заврши задаЧата



Една од најважните причини зошто му се восхитуваме на дизајнот на „конкордот“, е бидејќи го испорача сето она што го вети - и повеќе. И британските и француските власти правеа независни планови за развој на суперсоничен патнички авион уште од 50-тите години, и во 1962 година тие одлучија да соработуваат. На проектот можеби му беше потребно повеќе време за да биде завршен и чинеше повеќе отколку што се надеваа тие, но резултатот беше спектакуларен.

Способен да лета повеќе од двојно побрзо од звукот, „конкордот“ е горд сопственик на брзината на полетување од 400 километри на час, и брзина на летање од 2.160 км на час на висина од 18.000 метри, двојно повисоко од Монт Еверест. Во својот најбрз лет, тој ја мина релацијата од Њујорк до Лоднон за 2 часа 52 минути и 59 секунди. Карактеристично за него, тој леташе за три часа и 20 минути побрзо, половина од времето што денес му е потребно на „боинг 747“. Се' до трагичната несреќа во 2000 година кога се урна летот на „Ер франс“, при што загинаа 113 лица, „конкордот“ исто така ја имаше титулата „најбезбеден“ од кој било патнички авион.

2. Ја заслужува довербата



Достигнувањата на „конкорд“ не звучат само импресивно, тие се лесни за визуелизирање, дури и ако не сте воздушно-вселенски фрик. Стоејќи на земјата, ќе ги слушнете неговите мотори неколку секунди откако „конкордот“ ви прелетал над главата, што е конкретен доказ дека тој навистина го пробил звучниот ѕид.

Нема потреба да летате со „конкорд“ за да ја почувствувате возбудата од летање толку високо што може да ја видите заобленоста на Земјата од прозорците на кабините, или толку брзо што буквално ќе го победите времето со слетување во Њујорк еден час или малку повеќе порано отколку што сте го напуштиле Лондон, благодарение на петчасовната временска разлика меѓу овие два града.

3. ТоЈ е прекрасен



Друг важен дел од мистериозноста на „конкордот“ е неговата убавина. Лесно е да се почувствуваме виновни поради уживањењето во убавината, особено во ера кога тоа честопати е илузорно, благодарение на техно-итрината, како дигиталната манипулација со фотографијата. Но, нема потреба за вина - или да се грижите дека ќе бидете измамени да му се ��осхитувате на нешто лажно или површно - кога знаете дека причините зошто нештото изгледа убаво, исто така, исполнува и со своите практични карактеристики како брзината, безбедноста и аеродинамичната ефикасност. Тоа беше случај со „конкорд“ бидејќи неговиот дизајн беше во целост утврден од функцијата.

Елегантната форма на неговите „дупли делта“ крила е дизајнирана за да ја зголеми до максимум брзината, овозможувајќи му без проблеми да се движи низ воздухот, додека неговиот елегантен нос, кој се наведнува при полетување и слетување им дава на пилотите чист поглед на пистата. „Нештата што брзо се движат низ воздух или вода секогаш изгледаат убаво, без разлика дали станува збор за животни, авиони или бродови“, вели физичарот Брајан Кокс, професор во Универзитетот во Манчестер. „Ако тоа го сведете на физика, потребата да се минимизира отпорот на воздухот креира нешто што е елегантно, аеродинамично и естетски привлечно“.

4. ТоЈ е безвремен



Се' ова помага да се објасни зошто „конкордот“ беше толку несовладлив кога беше во сообраќај, но само малку објаснува зошто тој се' уште сега изгледа посебен. Една од причините за долговечноста е тоа што дизајнот на „конкорд“ е толку карактеристичен, и толку цврсто дефиниран од функцијата, што е невозможно да му се одреди датумот на производство, и би изгледал исто толку иснпиративно и изненадувачки ако денес беше обелоденет. Освен својствениот оптимизам дека технологијата може да изгради подобра иднина, нема други индиции во неговата форма или надворешност што би сугерирале дека авионот бил дизајниран во 1960-тите години.

„Конкордот“, исто така, ја предвиде значајната промена во перцепциите на потрошувачите: дека големината не значи и престиж. Многу патници беа зачудени од малите кабини со ниски плафони и помали места отколку првата или бизнис класата. Во тоа време, колку нештото беше поскапо и помоќно, толку беше и поголемо. Тогаш се појави микрочипот. Сега живееме во дигитална ера кога типичен мобилен телефон има поголема моќ за пресметување отколку цела НАСА во 1950-тите години кога „конкордот“ беше смислен. Големината повеќе не значи и престиж за нас, и ситната кабина не би изгледала толку инкомпатибилна.

5. С¦ уште е наЈдобар во класата



Последно, но не и најмалку важно, ништо не го надмина „конкордот“, барем не во неговата класа. Некои воени авиони, како американскиот „Х-15“, летаат побрзо, но ниту еден патнички авион го нема постигнато тоа. „А-380“ не е ниту половина толку брз. Пред неколку години се слушаа гласни дека се произведуваат суперсонични приватни авиони за најбогатите луѓе на планетава, но кредитната криза го расипа тоа. Ниту еден патнички авион не му е рамен на „конкордот“ во брзината, и ниту еден не е толку убав, неочекуван или привлечен. Нека го надминат тоа ако можат.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 933 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Јанакиески избра име за бебето
Раскошно музичко доживување
Онлајн-потрага по музички таленти
Мора да те убијат за да те вратат во живот
Премногу говор, премалку музика
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars