Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Јосипа Лисац

Раскошно музичко доживување

Големата музичка ѕвезда ја почести публиката во Скопје и со песната „Калино моме“

Хрватската музичка ѕвезда Јосипа Лисац, која во Скопје завчеравечер по речиси десет години пауза, одржа концерт пред полна Универзална сала, на публиката и понуди раскошно музичко доживување. Облечена во очекувано интересна креација, која ја нагласуваше нејзината грациозност, таа истовремено ја создаваше и со членовите на бендот ја делеше атмосферата на сцената, суверено држејќи го фокусот на вниманието од почетокот до крајот на концертот.

Исклучителните вокални способности по кои е позната Лисац уште од почетоците на својата богата кариера и овој пат се потврдија преку изведбите на нумери од различни жанрови и периоди, а ги воодушеви присутните и со песната „Калино моме“ што премиерно во живо ја изведе со специјалниот гостин Гарбарет Тавитјан. За песната рече дека прв пат чула кога и' било понудено да ја испее во рамките на проектот „Македонското срце чука во 7/8“, што минатата година Гаро го реализираше со своите два сина.

Неповторливата во изразот, Јосипа Лисац изведе неколку нумери од својот последен албум „Живеам по свое“, објавен минатата година, а ја потсети публиката и на претходните настапи преку изведба на повеќе стари хитови, но и преку шеговитите забелешки за непроменетата состојба во Универзална сала.

Релаксираната и задоволна публика ја прими, но и ја испрати како близок и длабоко почитуван уметник. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 800 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Јанакиески избра име за бебето
Онлајн-потрага по музички таленти
Мора да те убијат за да те вратат во живот
Премногу говор, премалку музика
Вонвременска убавица со скршени крилја
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars