Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

МАЈКЛ ДАГЛАС

Мора да те убијат ��а да те вратат во живот

Мајкл Даглас првпат проговорел за медиумите за својата тешка болест. Тоа го направил за американскиот магазин „Холивуд репортер“. Иако поради болеста имал тешкотии со говорот, Мајкл дал интервју што траело над еден и пол час и трпеливо одговарал на сите новинарски прашања. Открил дека хемотерапијата била вистински пекол, а папараците што го следеле на влезот и излезот во болницата не му ја олеснувале работата. Поради болеста, се смирил и со својот славен татко Кирк.

„Бев загрижен за татко ми, а тој навистина се погрижи за мене кога се случи сево ова. Дојде во нашиот стан и остана речиси десетина дена, а потоа доаѓаше секој ден. Тој и мојата маќеа се навистина силни луѓе“- изјавил Мајкл за својот татко.

„По се' што ми се случи оваа година, од болеста до затворот на синот и тужбата на мојата бивша сопруга..., самиот факт што сум во состојба да седам и разговарам е неверојатна“, изјавил актерот.

Освен што здравјето полека му се поправа, неговиот брак е се' поцврст. Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас неодамна ја прославија десетата годишнина од бракот.

„Фасцинантно и неверојатно е тоа што мораат речиси да те убијат за да те вратат во живот“ рекол за хемотерапијата Мајкл Даглас. Иако е преокупиран со лечењето, Мајкл настојува во своето секојдневје да следи се' што се случува во светот и секојдневно чита весници и гледа вести.


#
Статијата е прочитана 1087 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Јанакиески избра име за бебето
Раскошно музичко доживување
Онлајн-потрага по музички таленти
Премногу говор, премалку музика
Вонвременска убавица со скршени крилја
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars