Џим Кери
Еван Мекгрегор одличн�� се бакнува
Џим Кери, кој во филмот „Те сакам Филип Морис“ глуми затвореник што се вљубува во својот затворски колега, вели дека немал многу проблеми да ја сними сцената во која се бакнува со Еван Мекгрегор.
„Најважно е дека меѓу нас постоеше вистинска хемија. Мислам, погледнете го Еван. Морам да кажам дека одлично се бакнува. Искрено, тој уште пред да почнеме да ја снимаме таа сцена ми рече: ’Кога бакнуваш друг маж, тоа може да биде по малку незгодно‘. Всушност, морате за момент да го заборавите своето сексуално определување и да сфатите дека сте вљубени во друга личност, која по игра на случајот е машко. Тука не е важно дали сте маж или жена, зашто љубовта е љубов“, изјавил Кери за магазинот „Парад“. |