Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
07.03.2012, 17:44

Стив Џобс, Хасан Приштина и Фаик Абди ќе стасаат на скопските улици

Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, очекувано, го минаа првиот филтер во постапката за преименување на улиците

Деспина Трајковска


Голи Оток, Зоран Ѓинѓиќ, Калеш Анѓа, Лучијано Павароти, Стив Џобс, Фаик Абди, Мајка Тереза, Кралица Теута, Скадар, Тирана, Хасан Приштина, Клубот „Башкими“, Дервиш Хана, Мустафа Кемал Ататурк, Јахја Кемал, Јигит-паша... Ова се само дел од над 300 предлог-имиња кои е извесно дека до есенва ќе се искористат за преименување на дел од постојните скопски улици, мостови, булевари...

Комисијата за именување во Град Скопје, која е првиот филтер за преименување на улиците, по тричасовна седница даде позитивно мислење за сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но и на Демократската партија на Турците, за, како што коментираат некои, мир во куќата на владејачката коалиција. Поддршка не доби речиси ниеден предлог на ВМРО-НП и на ДПА, а советничката група на СДСМ, пак, воопшто не достави предлози со образложение дека нема потреба од менување на имињата на улиците. Седницата, која се одржа завчера попладне, поминала во нормална атмосфера, на моменти со саркастични коментари од присутните, но без големи дискусии и политички препукувања. Очекувано, како што коментираат од ВМРО-НП и СДСМ, поминале предлозите на коалициските партии, што, всушност, велат, е договор постигнат во врвот на политичките партии.

„Апсолутно се' беше режирано и договорено уште пред седницата. Бидејќи предлозите уште претходно ги усогласиле, седницата беше чиста формалност. Очигледно беше дека некои предлози од опозициските партии воопшто не ги ни разгледале“, разочарано коментира Слободан Близнаковски од ВМРО-НП, кој присуствувал на комисијата.

Тој смета дека навистина е срамно да се прифатат предлози за имиња на улици по личности кои немаат никаква допирна точка со државава. Такви, вели, се 99 отсто од прифатените предлози на ДУИ.

„Ниту поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Доста Димовска, ниту бранителите не добија согласност како предлог доставен од мојата партија. Како може, на пример, еден Лучијано Павароти да добие улица, иако е неоспорен како уметник, а да се заборави заслугата и делото на бранителите за нашата држава“, се прашува Близнаковски.

Тој вели дека сите свои забелешки ќе ги каже на седницата на Советот на Град Скопје, кога предлозите ќе стасаат на конечно усвојување. Ќе се обиде со амандмани, како што вели, да исправи дел од пропустите на комисијата.

„Се прашувам како можеа да го одбијат предлог-името ’Бугарија‘, првата држава која не' призна под уставното име. Во случајов, наместо да создаваме вистински пријателски соседни односи, ние го поткопуваме пријателството“, додава Близнаковски.

И од СДСМ, генерално, имаат слично видување на целиот случај. Советникот Петар Арсовски вели дека Комисијата практично го одобрила очигледниот премолчен договор меѓу коалициските партнери во власта, кои имаат и мнозинство во самата комисијата и во Советот на Град Скопје. Тоа било една од причините зошто од СДСМ не доставиле предлог-имиња, а истовремено сметаат и дека нема потреба од нови имиња на улиците.

„Згора на се', сметаме дека за ова треба да се изјаснат граѓаните на референдум. Недозволиво е како во случајов да се наметнуваат имиња на улици по политичко или идеолошко мислење“, вели Арсовски.

Имињата ќе ги сменат најдоцна налето

Конечната промена на имињата на улиците на терен се очекува да се случи најдоцна до летово. Освен што постапката за минување на предлозите ги поминува сите филтри, Град Скопје е во потрага по фирма која изработува табли со имиња на улици.

Инаку, процедурата налага Комисијата од Град Скопје да ги достави одобрените предлози до општините на мислење, кое не е обврзувачко при конечната одлука. Оттаму до Владата, која треба да даде согласност и, на крај, да дојде пред градските советници за конечна одлука. Упатените велат дека целата процедура ќе се одвива со најкуси можни рокови, за предлозите конечно да се усвојат најдоцна за два-три месеци, за да не се навлезе во шестмесечниот период пред претстојните локални избори, кога е недозволено да се носат вакви одлуки.

Дури потоа ќе се одлучува која улица ќе добие некое од новите имиња и ќе се знае колку, всушност, улици имаат потреба од преименување. (Дс.Т.)

ВМРО-ДПМНЕ со над 260 предлози, ДУИ со 43

Првиот филтер го поминаа над триста предлози, најголем дел од нив доставени од владејачката партија. Албанскиот коалициски партнер доставил 43 предлози, а ДПТМ осум. Сите тие се прифатени. Стотина предлози, пак, од ДПА и ВМРО-НП не добиле позитивно мислење. Меѓу нив се Охридско востание, имињата на бранителите, на Доста Димовска, Д��митар Ѓузелов, Маригона, Јаков Соса, Енвер Идризи, Мула Хаџи Зека.... (Дс.Т.)

 


Статијата е прочитана 1194 пати.

Испрати коментар



Донација од „Тинекс“ за децата со белодробни заболувања
Се проширува паркингот спроти салата „Јане Сандански“



jovan, 08.03.2012 00:26:31
Go zaboravile KALIMERO. 20 godini placeme i kukame kako nema pravda i kako site se krivi, pa redno e da mu se odolzime so nekoja ulica za avtorskite prava.
Весна.С. од Прилеп, 08.03.2012 02:44:29
ПОСЛЕ АМНЕСТИЈАТА НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ГРУЈО ШИРОКОГРАДО НА АЛБАНЦИТЕ ИМ ЈА ИСПОЛНУВА СЕКОЈА ЖЕЛБА САМО И САМО ДА ОСТАНИ НА ВЛАСТ. ВРЕМЕ Е ДПМНЕ ДА ОТИДЕ ВО ЗАБОРАВ - ЗАЕДНО СО СДСМ .ОВИЕ ДВЕ ПАРТИИ ДВАЕСЕТ ГОДИНИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ КОЈ ПОВЕЌЕ ЌЕ И НАШТЕТИ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. П.С. НЕ САМО ШТО НЕМАМ НАМЕРА ДА ИЗЛЕГУВАМ НА ИЗБОРИ-ТОА ГО ПРАВЕВ И ДО СЕГА-СЕГА ИМАМ НАМЕРА ДА БАРАМ И ДА СЕ ИЗБОРАМ ЗА ТОА МОЕТО ИМЕ ДА БИДЕ ИЗБРИШАНО ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК- СВИЊИТЕ ВОЛОВИТЕ ЗМИИТЕ И СЛ НЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ИЗБОРИ ЗА ДА ГЛАСААТ
jimmy1, 08.03.2012 05:14:35
Vaka li Trajanovski pred nekoj den tvrdese deka nema nikakvi predlozi za promena iminjata na ulicite i mostovite?? Sve e ova prodadena stoka, treba site da se kaznat za predavsvo na nasata drzava i na nasiot identitet. Koga nasive e albaniziraat makedonija sto treba da ocekuvame od drug. Mislam deka na site pocna da ni se gadi od ovie lazni VMO-ovski patrioti, lazni Makedonci so pravo probugarsko lice koi se godini rabotat za propast na Makedonija. Po se izgleda znaat deka im se blizi krajot i sega zapnale da setaat nasekade po svetov za da go potrosat i toj mal drzaven budzet sto ima ostanato, za koga ke zaminat da nemame nisto a tie da zaminat iznasetani. Nemozam da svatam kako nie mozime seto ova da go podnesime i samo da posmatrame sto ni se slucuva. Po se izgleda zborovite, Buna i Revolucija nepostovaat vo nasiot recnik.
Itar Pejo, 08.03.2012 06:29:08
Koga ce pocne menuvanjeto na licnite i drugi dokumenti? Pokraj licnite karti i pasosite dali ce trebaat da se menuvaat krstalnata i tapiite?
Tina, 08.03.2012 06:45:49
Sto stana za imeto na Zorba, koga najdovme da toj e Makedonac i da ziveal vo Skopje i si preminal vo Skopje. i imame mnogu heroji za da gi ovekovecime. Nasi heroi ne se Albanci. Mer ke Kapitulirame na pritisoci? Deka ima Djamija neka si ima i ulica na Albanec po istorija poznata za Makedonska korist i pocit. A na sekade vo Skopje ke bide samo sram i kapitulacija na pritisok od tie koji dignale vojna protivu nas. Ajde da bideme fer na nas prvo. A Albanski iminja neka si odat vo Albanija. Narocito tie koji drzale puska i ja uperile kon nas. Makedonci.
bb, 08.03.2012 07:42:36
sramota,ova li ke bide nekoja nova istorija ?,na koja mladata generacija ke trba vednas da odi na popraven
od mene, 08.03.2012 08:56:11
ma dosta so ova , ne naucivme li deka nisto ne resavame a nekoj zema pari za preimenuvanje , golem proekt na drzavata bez razlika na vladeeckata garnitura , sto e so drugite gradovi , vo dekadencija se a Skopje se zanimava so imenuvanje i nacionaliziranje na gradskite ulici. Kako idei prodavame nie Makedoncite , Makedonski , Albanski , Bugarski , Grcki , Srpski ...na sto lici ova ?sto ne ucea vo skolo 1,2,3 ...zosto ne gi brojuvame ulicite ....
Бугариja, 08.03.2012 11:12:22
Во Софиja сека 2 улица носи име Македониja, Доjран, Битола, Илинден, Гоце Делчев, Тодор Александров а вие турете во Скопиje сви с албански именja он си е и вака Албански град
Predlagach, 08.03.2012 12:58:23
A shto mislite za Brus Li, Steven Shagal i Rambo, kako iminja na ulici chii zgradi na fasadi ke bidat zakiteni vo barok?
skopje, 08.03.2012 14:50:48
Dajte samo broevi za ulicite,pa mirna glava za naveka-I VOLKOT SIT-I OVCITE NA BROJ!!!!!!!!!
Ајван Доктор®, 08.03.2012 15:49:46
E,ова е навистина јако!Стив Џобс,наспроти Хасан Приштина,Лучијано Павароти,наспроти Фаик Абди,Кемал Ататурк,наспроти Зоран Ѓинѓиќ,крволокот Тодор Александров,наспроти Мајка Тереза!Од убаво,поубаво!Ги заборавиле имињата на „Кокакола Бајрам“,на „Сестра Љупка“„Коце Велики-Плиткиот“„Пајо Паторот“и називите„Разумен компромис“или „Куме изгоре ти кеса“!Една од нив може да се вика „Улица на четирите стана на мама Наде“!Навистина не гледам проблем во тоа некоја од улиците да го носи името „Бугарија“,ниту „Грција“,или „Албанија“и „Србија“,или на било кој друг град во светов!Одбивањето на предлогот за прифаќање име според некоја држава,сама по себе посочува кон небулозите на предлагачите!Наспроти тоа,граѓаните ги шетаат од шалтер до шалтер и им треба и по неколку пати да се сликаат за лични документи,а тие се фалат со компјутеризација на администрацијата!Не дај боже да ви украдат,или да ги изгубите,ќе треба повторно да се сликате!Повторно се занимаваме со фасадите,наместо со суштината!
deniskopje, 08.03.2012 21:53:00
Замислувам како некој се претставува: Живеам во населбата ГОЛИ ОТОК На аголот на улицата ШРЕК и булеварот ВИЈАГРА, близу до плоштадот ЧИЧОЛИНА, во комплексот ДИЗНИЛЕНД. 100% НЕ-Природно

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |