Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
3408

Градоначалник лобира за студирање во Бугарија

Иван Бојаџиски


ДЕЛЧЕВО - Горан Малешевски, градоначалник на Делчево, лобира кај младите да студираат во Бугарија, поточно да се запишуваат на Американскиот универзитет во Благоевград. Тој дури ветува материјална поддршка за сите што ќе го прифатат неговиот совет и ќе заминат на студии кај овој наш сосед. Малешевски го направи овој чин во време кога во соседниот град Берово се затвори одделот за информатика, кој беше отворен минатата година, во рамките на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Во тоа име, Горан Малешевски и Дејвид Хјувилер, ректор на Американскиот универзитет, изминатиот викенд во Делчево потпишаа договор за соработка.

„Идејата ја дадоа млади од Делчево што студираат во Благоевград, кој е оддалечен само педесетина километри од градот. Јас бев таму, го посетив универзитетот и се информирав што нуди за студентите. Восхитен сум од условите за студирање и од сместувачките капацитети“, изјави градоначалникот Малешевски.

Тој најави стипендии од по 50 евра за секој студент што ќе се запише на Американскиот универзитет на кој студирањето чини десет илјади долари годишно. Кон неговата иницијатива се придружи и Митко Антовски, директор на делчевската гимназија, кој најави дека до крајот на оваа година во Благоевград ќе ги води сите 113 матуранти за лично да се запознаат со условите за студирање на Американскиот универзитет. Антовски е претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ на која и' припаѓа градоначалникот Малешевски. Ќе биде интересно да се види реакцијата на нивната партија, која вложи максимум напори и обезбеди големи пари (дури 400 милиони денари годинава) за нормално и успешно функционирање на Штипскиот универзитет. Со ваквото лобирање, градоначалник од нивните редови, всушност, ги заведува студентите за тие да студираат на странски високообразовни институции.

Во целата оваа приказна се поставува прашањето од кои пари делчевскиот градоначалник ќе дели стипендии, макар тие да се и минимални. Ова ако се знае дека пред неполн месец Советот на Делчево констатира катастрофално ниско исполнување на буџетот од само 34 проценти и во услови кога општината подолг период е во перманентна блокада. Локалното раководство се жали на фактот дека од Владата досега не добиле ниту денар поради што и капиталните инвестиции во градот се реализирани со само 0,3 проценти.

За оваа иницијатива на делчевскиот градоначалник се обидовме да добиеме мислење и од раководството на штипскиот универзитет, но до затворање на весникот не успеавме да добиеме никого од најмладата високообразовна институција во државава.


#
Статијата е прочитана 1927 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 13.10.2010 12:24:40
`Тој најави стипендии од по 50 евра за секој студент што ќе се запише на Американскиот универзитет на кој студирањето чини десет илјади долари годишно.` Е `многу` нема што
Од: Do novinarot
Датум: 13.10.2010 12:33:24
A zosto da ne se studira na amerikanski univezitet vo Blagoevgrad, koj postoi povece od 15 godini i e mnogu pokvliteten od nasite privatni koi niknaa kako pecurki so profesori koi pred toa samite si dodelija na tie fakulteti doktorski trituli. A moze da se studira vo Zagreb, Lublana, Tirana, Pristina, Njujork, London itn, a ne mloze vo Bugarija! Boze sacuvaj!
Од: pepi
Датум: 13.10.2010 13:51:20
na ova sekakov koment ar e nepotreben. samo dali gruevski zane za ova ili toa e so negov amin. neka im e na cest na golemite makedonci borci za makedonskata kauza. jadat makedonski leb a lobiraat za tudja drzava. neprijatelot e tuka a ne nadvor. tesko na makedonija so vakvi patrioti
Од: Трпе
Датум: 13.10.2010 14:17:17
Тоа се делата на нашите најголеми патриоти.Тие немат лице ниту задница.И самите незнат кој им е идентитетот.
Од: petre
Датум: 13.10.2010 14:38:19
Neka se bori Gruevski za imeto da ni bide zapadna Bugarija.Ovaka kako sto trgnal so negovite kadri vo naselenite mesta sigurno ke se izborime za nasiot identitet.Ne treba da ja obvinuvame Grcija za pregovorite kaj nas se predavnicite .Tesko na nas
Од: dobro e.
Датум: 13.10.2010 18:06:36
Dobro e ova za Bugarija. Sekoj student ke treba da dobie i bugarsko drzavjanstvo, pa taka brojot na bugari vo MK ke se zgolemuva. Verovatno ovoj gradonacalnik na DPMNE e vo sprega so ministerot na Bugarija Bozidar Dimitrov koj tvrdi deka site sme Bugari. Nema podobar nacin od obezlicuvanje od onoj koj samite si go pravime .Otvorivme fakulteti vo site sela vo RM i pak gradonacalnikot gi forsira mladite da studiraat vo Bugarija.BRAVO
Од: Sime
Датум: 13.10.2010 18:20:23
На сите коментатори и на новинарот поздрав. НА секоја од 200 000те куќи во западна Македонија гордо им стои албански барјак. Сите во лето кои не работат на нивите работат на албанското крајбрежје. Некои се бават со шверц, а најпанетните студираат на ачик факултети. Најумните во Тирана. Ним дипломите во РМ им се признаваат по автоматизам не мора да ги нострифицираат. Луѓето со пушка в рака си ги бранеа интересите и сонот да се обединат со Албанија. Тие тоа воопшто не го кријат. Зошто пак градоиначалникот на Делчево да не ја љуби Бугарија? - Кога универзитетот кој го спомнавте е едвај на 30на км од дома. Башка сигурно овој човек дома нема бугарски барјак во дневната соба над троседот, ниту се лигави ако некој на радио пушти бугарска песна. Не разбирам зошто може да се студира во Балград, а не во Благоевград? или Софија. Јазикот ни е далку посличен од српскиот на пример. Па новиве генерации и без политикин забавник и слична српска литература, разбираат бугарски многу полесно од српски.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.10.2010 19:16:56
По се изгледа само ракавиците и оној до новинарот го прочитале целиот текст.Другите се изналепија по насловот токму направен за таквите.Се работи за АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ а не бугарски.Повторно јалова опсервација на формата отколку на суштината.
Од: penzioner
Датум: 13.10.2010 23:09:55
На Американскиот универзитет наставата се изведува на англиски јазик, дипломите се признати во цел свет.До сега таму дипломирале 7О-тина студенти од Македонија.Голем дел продолжиле со магистерски студии некои се вработени и покажуваат солидни резултати. Ај да не политизираме и таму кај што нема политика. Да сум на тие години и да имам да платам 10.000 долари,би студирал на тој Универзитет!.
Од: studentka
Датум: 14.10.2010 10:42:03
Sekoja cest za inicijativata za sorabotka pomegu renomiraniot Amerikanski univerzitet i najbliskiot grad do Blagoevgrad! Takvata sorabotka ne znaci deka gradonacalnikot lobira, tuku gi pottiknuva mladite da se steknat so najkvalitetno obrazovanie na celiot Balkan, a i poshiroko! Inaku upisot na ovoj univerzitet e mnogu rigorozen, so polaganje na Toefl i na SAT, a maksimalnata shkolarina e desetina iljadi dolari. Sepak, poradi odlicnite rezulatiti, recisi site studenti od Makedonija plakaat znachitelno pomala shkolarina ili imaat stipendii. Za poveke informacii moze da se vidi veb stranata na univerzitetot, www.aubg.bg, na pr. deka tamu ima studenti od nad 30 drzavi, vklucuvajki i od Kina, SAD, itn. Pa zosto togas da nema od Makedonija? Poraka do novinarot da go poseti AUBG i da se zapoznae so segasnite i diplomiranite Makedonski studenti za da ja prenese vistinskata slika
Од: Dame
Датум: 14.10.2010 11:14:10
Значи статијата е направена само за да се напаѓа, а не да се открие вистинската историја позади идејата на градоначалникот. Американскиот универзитет во Благоевград е институција која постои повеќе од 15 години, акредитирана е од Американсиот образовен систем и предавањата се целосно на англиски. Јас студирав на Американскиот универзитет, и тој универзитет ми отвори огромни можности како на мене така и на моите колеги Македонци. За разлика од нашите универзитети, каде што старци на 70 години ти предаваат и те тераат да купиш нивна книга за да добиеш 6ка, таму предавањата се на високо ниво со професори кои предавале низ цел свет, кои ги следат светските случувања а не преведуваат книги од српско/ хрватски издадени пред 20 години. И за на крај, 10.000 долари е максимумот кој може еден студент да го плати, но јас не познавам никој од Македонија кој плаќа толку многу. Поздрав до сите заинтересирани, Ви гарантирам дека нема да зажалите.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Џозеф С. Нај
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“

Олово и во играчките од светски фирми

Кејт Мос
Тајно се венча во август на Сицилија






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia