Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Мислења

Сомнителни типови – вистински дисиденти

Филип Петровски

Дисидентите некако најдоа организиран начин да се инфилтрираат во партиите, да ја продадат својата приказна

Обично, не одговарам на провокации во моите текстови од проста причина што нашето малецко општество изродило многу провокатори. Тие го работат по тоа задача. Односно, нивните газди очекуваат со провокациите да се постигне одреден ефект. Повеќе од јасно е дека газди на многумина во оваа држава им се тајните служби - домашни и странски. Според тоа, глупаво е да им се даде право на провокаторите, посебно кога се знае што стои зад нивните намери. Оние што не ми веруваат на збор, нека се запрашаат зошто нема лустрација и покрај сите напори, и покрај сиве овие години на притисок да ја има. Зошто не успеа ова општество 20 години да се исчисти од луѓето, кои со уништување на туѓи животи, напредувале и стигнувале високо во општествениот поредок? Уште почудно е што тие што биле замешани, што го воделе орото, денес или се пратеници или се министри или, пак, се угледни „личности“ што ни солат памет на сите нас, укажувајки ни како треба во демократијата да мислиме, да дејствуваме и што е сега најдобро за нас.

Одредена сомнителна личност, од ваков тип, две недели по ред пишува во еден неделник, расправајќи за историјата на ВМРО-ДПМНЕ. Раскажува на големо и нашироко за се' и сешто. Секако, притоа се користи со манипулации што се намерно употребени за да се скрие вистината. Можеби некој дел и е вистинит или близок до вистината, но кога е филувана токму вистината, како што вели и самиот неделник, се добива одличен ефект. Се' изгледа како вистина, тешко е да се провери за што станува збор, бидејќи е поминато долго време, а останува да се верува само на збор. Затоа пак мора со сила да се изгради авторитет. На пример, да се претставите како дисидент. Ова беше многу модерна улога во почетокот на осамостојувањето, па некако сите набрзина станаа дисиденти. Само, чудно е како тие како дисиденти биле универзитетски професори, добивале станови по 100 квадрати во центарот на Скопје, нивните деца се школувале во странство на трошок на државата, имале фирми на ниво на екс Југославија или, пак, биле трговски претставници во странство. Вреди човек да се праша како е тоа можно во Титова Југославија, каде што службите мораа да дадат амин за такви работи. Верувам сите знаат како беше во тој систем. Затоа и мораше да се менува, да се демократизира и да се усвојат други вредности. Меѓутоа, дисидентите некако најдоа организиран начин да се инфилтрираат во партиите, да ја продадат приказната за тоа колку биле малтретирани со станови од по 100 квадрати, а тие да станат преку ноќ најголеми поборници за демократија.

Но, не е само една „придобивката“ од демократизирањето на овие „дисиденти“. Убаво беше објаснето во неделникот како се дејствувало за да се дезавуира јавноста. Ова ќе го објаснам затоа што се сомневам дека малкумина го прочитале таму, поради малиот тираж. Сепак, станува збор за многу интересен метод, која многу работи разјаснува. Инаку, не е оригинално писанието во тој неделник. Информации за тоа како дејствувале тајните служби на Југославија и како развивале мрежи во сите републики може да се најдат во голема количина на Интернет. Посебно на сајтот www.necenzurirano.com. Верувам дека суетните нема да се налутат што ја споделувам информацијата. Овие дисиденти од кои некои се и новинари, сега во демократски услови треба кај јавноста да создадат мислење за одредена појава. Затоа тие ја применуваат методата на компилирање на некои точни податоци, кои се проверливи, со неточни и непроверливи податоци. Приказната на тој начин добива фантастични димензии и е пригодна за масовна консумација. Мене, на пример, ми има потврдено одреден новинар дека за времето на мандатот во Собранието, согласно со платформата за рушење на Владата на Георгиевски, се повикувани во одредени полициски кругови за да им се дадат ПИТИТЕ, кои треба да се пласираат. Одозгора на тоа, поседувам документи како тоа е планирано во ДБК. Ако тоа се знае станува јасно дека се работело и се работи за сериозна организација за да се држи Македонија под целосна контрола и надвор од каква било сериозна интеграција со поголеми системи каде правилата на игра се сосема подруги. А организирано се работело да се сруши демократски избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година.

Ние ги отворивме досиејата во 2000 година. Тоа требаше да биде почеток на расчистувањето со кодошите, меѓу кои и т.н. дисиденти. Но, не бидна така. Не знам зошто се застана само на закон за отворање на досиејата и зошто се избра варијанта имињата да бидат прецртани, односно сокриени. Од денешна перспектива мислам дека тоа бил погрешен пристап. Требаше се' да се отвори во еден бран. За полесно да се дистанцираат од системот сите што биле инволвирани во такви активности. Се направи грешка што не се отворија целосно досиејата и им се дадоа дополнителни 10 години на службите и кодошите да се закамуфлираат, а досиејата да се нашминкаат. Така, денес сите се веќе дисиденти и сите се бореле против минатиот систем. Некои од позиција на амбасадори, некои од позиција на сојузни пратеници. Смешно и жално.

Денес за дисиденти може да се претстават и криминалци што се должни низ Куманово стотици илјади евра. Луѓе што „закрпиле“ други и уништиле легитимни бизниси. Луѓе што според споменатиот терк имале фирми на ниво на Југославија, а експресно пропаднале во Македонија. Тие дисиденти од прекуокеан��ка далечина коментираат за се' и сешто од нашата реалност, а со години немаат храброст да се вратат во својот град, затоа што треба да погледнат на некои луѓе тука в очи. Применувајќи го рецептот на УДБА, сега тие ќе станат дисиденти и пред историјата ќе се обидат да се претстават во друго светло.

Имам причина да се сомневам дека ова се текстови што се поврзани со лична вендета, предизвикана од фрустрации, кои се нереални. Знаете, кога нема да се наметнете во маинстрим со вашите фантазмагории, тогаш почнувате да зборувате за светски заговори (ова на тој неделник ептен му одговара, дека е од таков тип). Сите се против Македонија, само вие сте витезот на бел коњ. Мммм... Груевски не ги ферма ваквите и кај него не упеаја да се наметнат, инаку ќе го воспеваа. Па сега, затоа го инволвираат во српски врски. Дали е тоа така не знам. За тоа се шушка насекаде. Ама тоа немаше да биде раскажувано да ги земаше во прегратки и овие „дисиденти“. Веројатно проценил дека се веќе искористени и потрошени.

(Авторот е доктор по политички науки)


#
Статијата е прочитана 1594 пати.

Испрати коментар

Од: Jove
Датум: 16.10.2010 17:39:16
Kompleksite na poniska vrednost fantazmagoricno rabotat kaj tebe filipo.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.10.2010 18:35:23
Сите знаеме да дисиденството во Македонија никогаш не егзистирало во периодот на едноумието.Ниту една жртва нема за поинакво мислење од тогашниот режим а камоли политичка опозиција на тоа едноумие.Сите овие новокмпоновани диседенти се тоатлно непознати не само во своето најблиско опкружување ,верувам и на сопствената родбина.Печалењето поени за наводното дисиденство зборува за никаквиот карактер на дотичниот.
Од: eli
Датум: 16.10.2010 21:46:36
eh filip, toa e taka sekogas. i ke t enapagaat, zatoa sto im gi kazuvas rabotite otvoreno.
Од: Jordan
Датум: 17.10.2010 00:24:33
Za VMRO DPMNE ne postoi odgovornost. Petta godina se na vlast, potrosija cetiri budgeti od po 3 milijardi evra, se napravija kapitalisti od goltari. I sega koga veke site gledaat deka pukna tikvata, sega ne maltretiraat so mracni scenarija, sluzbi, UDBA, srpski vrski i sto uste ne. Kako tie da gi teraa da gi stolcat milionite i da go ponizuvaat sopstveniot narod. Ova veke NE vi pominuva!
Од: Прикаски за мали деца
Датум: 17.10.2010 15:48:33
Сработете нешто .Доста со пискарење.
Од: od mene
Датум: 17.10.2010 16:34:23
ah be filipce filipce, samo ti si heroj sto e protiv vlasta a e direktor na javna institucija. Paradoks sam po sebe

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
„Флит стрит“ против империјата на Мардок
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
Спаска Митрова го доби детето
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia