Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Технологија

Windows Phone 7 претставен на светот

На презентацијата на новата платформа, извршниот директор на „Мајкрософт“, Балмер, обелодени пет модели на WP7 на HTC, по два на „Самсунг“ и „Ел-Џи“ и еден на „Дел“

Никола Бурагев

„Мајкрософт“ официјално го претстави својот долгоочекуван нов оперативен систем за мобилни телефони Windows Phone 7. Извршниот директор на компанијата, Стив Балмер, на презентацијата на новата платформа во Њујорк истакна дека не постои ниту еден смартфон што му одговара секому, но може да има еден оперативен систем. Со цел дополнително да ги нагласи овие тврдења, Балмер ги претстави првите десет мобилни телефони втемелени на Windows Phone 7, кои ќе бидат достапни во 30 земји во светот, во Европа, Азија и во Америка, а ги произведуваат HTC, Samsung, LG и Dell.

„Имаме прекрасен лајн-ап смартфони во овој прв бран на Windows Phone 7. Мајкрософт и неговите партнери донесуваат сосема поинакви мобилни телефони и искуство, што го прави извршувањето на секојдневните задачи побрзо и за што се потребни помалку чекори“, истакна Балмер.

Во „Мајкрософт“ истакнуваат дека со Windows Phone 7 сакаат да понудат средина меѓу моментно достапните крајности, односно повеќе флексибилност од iOS на „Епл“ и поголема стабилност на опкружувањето од Андроид на „Гугл“. Исто така, беше истакнато дека Windows Phone 7 нуди високи можности на приспособување кон потребите на одредениот корисник, но и натаму ги задржува заедничките карактеристики што го прават препознатлив. Тука е и интеграцијата со многубројните услуги и производи на „Мајкрософт“, како што се Office, Bing, Xbox и Zune, а и интеграцијата со „Фејсбук“ е на високо ниво.

WP7 го базира својот интерфејс врз плочки и хабови, токму како што беше прикажано и во раните концептуални презентации. Плочките се едноставни за погодување со прст на екранот осетлив на допир, а можат и да се преместуваат, да се додаваат и да се бришат. Интеграцијата на Windows за смартфони со производите на „Мајкрософт“, како што се Live или Office се подразбира, а изненадувачки е колку во мобилната платформа е интегрирана услугата Xbox Live. Покрај тоа, WP7 доаѓа и со прединсталирана поддршка за „Твитер“ и за „Фејсбук“, познатите апликации како IMDB и eBay, а останатите апликации ќе можат да ги најдат во корисниците маркетот на „Мајкрософт“, слично како кај AppStore и Андроид-маркетот.

Од смартфоните што беа претставени во Њујорк, дури пет се од тајванскиот производител HTC. Наследникот на HD2, кој работеше на Windows Mobile 6.5, се вика HD7 и го краси огромен 4,3-инчен екран со резолуција 800х480 пиксели. Телефонот се одликува и со внатрешна меморија од 16 гигабајти и пет мегапикселна камера, а ќе почне да го продава „Т-мобиле“ кон средината на ноември. Истиот провајдер ќе го продава и HTC7 Mozart, кој има 3,7-инчен дисплеј и камера од 8 мегапиксели со „Ксенон“ блиц. Телефонот работи на 1-гигахерцен „Снапдрагон“ процесор, има 512 МБ РАМ меморија и 8 гигабајти простор за податоци.

HTC 7 Surround ќе биде во понудата на американскиот провајдер „ATиT“, а се работи за смартфон со екран од 3,8 инчи осетлив на допир (резолуција 800х480 пиксели) и внатрешна меморија од 8 гигабајти. Го покренува процесор од 1 гигахерци, има 576 МБ РАМ меморија, а камерата е стандард од 5 мегапиксели со ЛЕД блиц и ХД снимање во 720p резолуција. Малку помал дисплеј (3,6 инчи) има HTC 7 Pro, кој ќе биде во понудата на „Спринт“. Покрај екранот осетлив на допир, има и физичка QWERTY тастатура, а камерата е со резолуција од пет мегапиксели со ЛЕД блиц. Последниот модел зад кој стои HTC е Trophy, кој ќе се продава само во Европа. Се работи за еден од најевтините WP7 телефони, кој се одликува со 3,8-инчен екран, 8 гигабајти внатрешна меморија и петмегапикселна камера со HD видеоснимање.

„Самсунг“ во WP7 понудата има два модела. Omnia 7 и Focus го делат истиот 4-нчен Супер AMOLED екран, 5-мегапикселната камера со ЛЕД блиц и 720p камкордерот, а и двата модела работат на 1GHz Qualcomm Snapdragon процесор и имаат 8 гигабајти простор за податоци. Изненадување е тоа што Samsung Focus има слот за microSD мемориски картички, за разлика од Omnia 7, за чија цена и достапност се' уште нема никакви податоци. Focus, пак, ќе биде во понудата на „ATиT“ и ќе почне да се продава на 8 ноември.

LG, исто така, ќе понуди два модела што ќе работат на Winows Phone 7. LG Quantum има заоблена форма, 3,5-инчен екран и QWERTY тастатура, а ќе се продава во Америка преку „ATиT“. LG Optimus, пак, се одликува со поголем 3,8-инчен дисплеј, 16 гигабајти внатрешна меморија и камера од пет мегапиксели, но се' уште не е непознат провајдерот преку кој ќе се продава. Последниот смартфон од почетната WP7 понуда е моделот на Dell, Venue Pro. Тоа е единствениот слајдер во понудата, кој, и покрај тоа, има голем 4,1-инчен AMOLED капацитативен екран со резолуција 800х480 пиксели. Поседува QWERTY физичка тастатура, 8 ГБ меморија, пет мегапикселна камера со автофокус, а ќе почне да се продава во ноември преку T-Mobile.

„БизПарк“ за поддршка на македонските ИТ-компании

Осма година едноподруго во хотелот „Александар палас“ се одржа најголемата технолошка конференција во Македонија, „Мајкрософт Визија“, која традиционално на едно место ги обедини ИТ-професионалците, програмерите и менаџерите. Дводневната конференцијата беше обележана со предавања од домашни и од странски експерти во три главни сали и фокусот на годинашната „Визија“ претставуваа бизнис-комуникациите, нивната безбедност, виртуелизацијата и развојот на апликации. Покрај тоа, посетителите имаа можност да се запознаат и со најновите производи и долгорочни стратегии на „Мајкрософт“, како и да разменат мислења и знаења за најновите технологии.

Претставниците на „Мајкрософт“, пред учесниците на конференцијата ја претставија глобалната програма „БизПарк“, која е наменета за поддршка на нови ИТ-компании што работат на пазарот најмногу три години. Со програмата „БизПарк“ на претприемачите што почнуваат бизнис во ИТ-областа во период од три години им се овозможува бесплатно користење на системските платформски производи и развојни алатки на „Мајкрософт“. „Тоа е директен придонес на „Мајкрософт“ кон подобрувањето на можностите за иновација и кон поддршка на нови компании и нови идеи во оваа индустрија“, истакна Илијанчо Гаговски, директор на „Мајкрософт“ Македонија.

Програмата ја промовираше и амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер. „Иновациите и употребата на новите технологии во малите бизниси може да го подигнат економскиот успех и да отворат нови работни места во светот. Со помош на поддршката од САД за Иновацискиот центар во Македонија и неговото партнерство преку „БизПарк“ ќе помогнеме фирмите да внесат нови идеи на пазарот“, посочи Рикер. За програмата веќе се заинтересирани 20-ина компании. (Н.Б.)

Соработката меѓу „Мајкрософт“ и Универзитетот „Гоце Делчев“

На годинeшната конференција „Визија 8“ беше промовирана успешната соработка на „Мајкрософт“ со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, која датира уште од основањето на Универзитетот. Уште од самиот почеток „Мајкрософт“ доби шанса да биде вистински партнер во развојот на ИТ инфраструктурата на Универзитетот, што резултираше со извонредно успешен дизајн и имплементација на серија решенија кои на студентите им овозможуваат пристап до компјутерската мрежа, комплетно електронско студирање, вклучувајќи и електронски упис и заверка на семестар, дигитално пријавување на испити и семинарски работи, објава на електронски резултати, дигитална огласна табла, перманентна електронска комуникација и електронски консултации со наставничкиот кадар и соработниците.

Ова решение обезбедува континуирана надградба на системот, не само следејќи го природниот развој на институцијата, туку и преку негово активно забрзување. За студентите ова значи дека нема да губат време за чекање пред шалтерите да пријават испит, да проверат резултати од испитите или да чекаат пред вратата на дојде професорот или асистентот за консултации – тоа време сега можат да го искористат за себе, а сите овие работи да ги завршат од дома и од својот компјутер.

„Нашите студенти, со овој нов електронски начин на евиденција, без класичниот индекс ќе можат многу побрзо, без вообичаените турканици пред студентските прашања сите свои потреби и евентуални проблеми да ги решаваат преку интернет, со картички кои ќе ги добијат на почетокот на студиската година“, истакна ректорот Саша Митрев.

Проектот е реализиран преку интензивна соработка на тимовите од Универзитетот „Гоце Делчев“, „Интек системи“, „Логин системи“ и „Мајкрософт“. (Н.Б.)


#
Статијата е прочитана 582 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
Фестивал на албански театар во Дебар
„Флит стрит“ против империјат�� на Мардок
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Иднината на моќта
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Грците не плаќаат струја
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
Во Прилеп споменик на Бувие
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора
Спаска Митрова го доби детето






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria