Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“

Денеска во Битола во присуство на специјалните гости Вилмош Жигмонд и Дерил Хана, но и на Манчевски и екипата на филмот, стартува 31. Фестивал

Сунчица Уневска

Денеска во Битола со премиерата на македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе започне 31. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. На самиот влез во четвртата деценија од своето постоење овој фестивал, конечно, добива вистински фестивалски лик. Од 16 до 22 октомври Битола и Центарот за култура ќе бидат вистинско сврталиште на филмската уметност, бидејќи програмата годинава не остава ни малку слободен простор. Таа е толку интензивна и богата што ќе трае буквално од утро па се' до доцните ноќни часови. А со оглед на очекуваните четиристотини гости и присуството на многу релевантни новинари и филмски критичари, би требало Битола овој пат да биде вистински филмски град.

За отворањето, кое почнува во 19,30 часот, а кое ќе се одржи во ��рисуство на годинешниот добитник на наградата за животно дело, Вилмош Жигмонд, во присуство на прекрасната холивудска катерка Дерил Хана и во присуство на режисерот Милчо Манчевски и голем дел од екипата на филмот, има навистина огромно интересирање. Невозможно е да се одговори на барањата иако салата во битолскиот Центар за култура е навистина голема, со околу 850 седишта. Но, така е секогаш кога фестивалот ја добива својата вистинска релевантност и кога неговата програма и гости имаат високо реноме.

А годинава фестивалот навистина испишува рекордни бројки во поглед на се', од филмови, настани, гости, мастер-класи па се' до една интензивна програма на презентации и прес-конференции, на која и новинарите, но и публиката ќе можат да ги видат гостите и да поразговараат со нив. За првпат на „Браќа Манаки“ ќе се прикажат 95 филма, и тоа во девет програмски целини. Покрај главната натпреварувачка програма, во рамките на која има 12 филма кои се борат за „Златна камера 300“, тука се и: „Нови визии“, Документарната програма, Фокусот на нов фински, бугарски и израелски филм, како и новововедената Детска програма. Компетитивна е и програмата на краток филм, а по втор пат оваа година ќе ја има и програмата на кратки филмови влезени во конкуренција за наградата на Европската филмска академија. И на крајот, тука е и „Македонската панорама“ и ретроспективните програми во чест на гостите и годинешните лауреати.

Во чест на Вилмош Жигмонд ќе бидат прикажани два филма, последниот на Вуди Ален „Ќе сретнеш висок црн странец“ и документарниот „Титлови не се потребни“ посветен на двајца великани на филмската камера, Зигмонд и Ласло Ковач, кои ги поврзува нивната татковина Унгарија, иако својата кариера ја градеа во Америка. Вториот директор на фотографија, кој годинава ќе ја добие специјалната „Златна камера 300“, Роџер Прат, стои зад камерата на големиот хит на Тери Гилијам, „12 мајмуни“, кој во Битола ќе се прикаже претпоследниот ден. И во чест на Дерил Хана публиката ќе го види повторно „Убиј го Бил 2“ на Квентин Тарантино.

„Македонската панорама“ оваа година носи навистина интересни содржини, носи неколку премиери, омажи и една посебна ексклузивна програма, што ја подготви Кинотеката на Македонија. Имено, во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки битолската публика оваа година за првпат ќе може да ги види сите седум филма од нивната пребогата оставина. На фестивалот ќе се одржат и македонските премиери на филмовите „Војната заврши“ на Митко Панов и омнибусот „Некои други приказни“, во кој од Македонија учествува режисерката Марија Џиџева. Во рамките на оваа „Панорама“ ќе биде направен и омаж на нашиот познат карикатурист и автор на анимирани филмови, Делчо Михајлов, а ќе биде прикажан и филмот „Духот на татко ми“ на Горан Тренчовски, кој е посветен на Ристо Шишков. И тука е вклучен и последниот филм на филмскиот и телевизиски снимател Димитар Владички, „Биолошки минимум“ во режија на Иван Митевски и Тања Битољану - Плавшиќ, кој е посветен на последните жители на селото Здуње.

За филмовите во Главната програма, во „Нови визии“ и во Документарната програма беше кажано многу, овде само ќе се осврнеме на некои од гостите кои ќе пристигнат во Битола. На последната прес-конференција директорката Лабина Митевска рече дека се очекуваат 150 исклучителни гости од светската кинематографија, а меѓу нив се и: Барис Озбичер, директор на фотографија од Турција, кој стои зад годинешниот берлински лауреат „Мед“, потоа познатиот австриски снимател Мартин Гшлахт, кој често работи со Џесика Хауснер, а во Битола доаѓа со филмот на иранската уметничка Ширин Нешат, „Жени без мажи“, па Гора Бејах од Израел заслужен за неверојатната фотографија во филмот „Либан“ на Семјуел Маоз. А од програмата „Нови визии“, покрај помладите автори, словенечкиот режисер Игор Штерк и унгарскиот директор на фотографија Адам Филенц, годинава и еден ветеран. Шведско-финскиот писател и режисер Јорн Донер, кој има работено со славниот Ингмар Бергман, ќе пристигне во Битола, заедно со својот нов филм „Испитување“. Овој филм, кој низ испитувањето на една шпионка, се навраќа на Втората светска војна, го издвојува тоа што се одвива во речиси една соба, па сепак е полн со интензитет и изненадувања, а зад камерата стои директорката на фотографија Пирјо Хонкасало, која работела со Донер и на документарците за Бергман.

За двете работилници, за кастинг, која ќе ја води Беатриче Кругер и за новинарство и филмска критика, која ќе ја води Кирстин Вајлдер, в��ќе се знае се', овде ќе најавиме уште две тркалезни маси, чии модератори и автори се Гена Теодосиевска и Сунчица Уневска. Првата е на тема „Недостига ли женскиот допир во филмот?“, во која Теодосиевска сака да го продолжи започнатиот дијалог низ сите филмски меридијани, во разбирањето, признавањето на успехот на жените и во препознавањето на женското писмо. Додека втората е на тема „Местото на филмската критика денес“, во која Уневска заедно со своите реномирани гости ќе се осврне на различните аспекти на филмската критика денес, на нејзиното влијание и нејзината релевантност, како и моќ да предизвика било какво движење или промени. Но, амбициозното годинешно издание допрва почнува, па за се' останато понатаму ќе пишуваме директно од Битола.


#
Статијата е прочитана 575 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
„Флит стрит“ против империјата на Мардок
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
Спаска Митрова го доби детето
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Менување на светот за 18 минути
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia