Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (7)

Емигрантскиот егзодус во Бугарија

Во Софија постојат цели населби од Македонци, а околу два милиона бугарски граѓани имаат македонски корен

Виктор Цветаноски

Не се знае точно колкав е бројот на македонската емиграција во Бугарија. Се смета дека денес околу два милиона бугарски граѓани имаат македонски корен. Михаил Сматракалев, кој по војната вршел истражувања, истакнува дека бројот на македонските бегалци варирал од 200.000 до 600.000. Тој изнесува податок дека тие живееле во 1.601 населба. Речиси немало град без Македонци, а само во Софија имало околу 100.000. И денес во Бугарија постојат компактни населби формирани од македонската емиграција. Во Софија се познати Гевгелиската населба и населбата Јучбунар, а во Пловдив населбата Ќучук Париз.

Според процените на Карнегиевата комисијата, само за време на Балканските војни во Бугарија пребегале околу 50.000 Македонци. Македонски историчари проценуваат дека тој број не е толку голем како што се прикажува. Тие сметаат дека од создавањето на бугарската држава во 1878 година до почетокот на Втората светска војна од Македонија во Бугарија, поради разни причини, емигрирале или пребегале околу 100.000 души.

За македонската емиграција во Бугарија за првпат отворено се проговори пред неколку години на симпозиум во Скопје. Академик Иван Катарџиев смета дека во минатото кон неа од страна на македонската држава е направена голема неправда, со исклучок на првите години по војната. „Ослободена од политичка функционализација, македонската емиграција во Бугарија може и треба да биде значаен фактор во градењето на соработката меѓу македонскиот и бугарскиот народ и создавање поповолен амбиент за контакти“, вели тој.

Д-р Виолета Ачкоска подвлекува дека македонската историографија, конечно, треба да навлезе посуптилно и подлабоко во трагиката на емигрантскиот живот и во психологијата на еден емигрант што немал своја татковина и држава. Според неа, по воспоставувањето на југословенскиот централизам и расчистување со наводниот „автономизам и сепаратизам“ во КПМ, или за време на расчистување со Инфиормбирото, повеќето од нив станале жртви на тогашната бирократска власт на спроводниците на југословенскиот централизам, кои со голема недоверба гледале кон сите оние што доаѓале од емиграција, особено од Бугарија.

Д-р Новица Велјановски истакнува дека првите години по војната се настојувало за амбасадори во соседните држави да се испратат проверени кадри, пред се', Срби или воени кадри на Црна Гора. „Поради поставеноста на југословенската дипломатија воопшто, како и поради положбата на НР Македонија во југословенската федерација во тој период не било постигнато потребното ниво на соработка меѓу НР Македонија и македонската емиграција во Бугарија, кое резултирало со извесно разочарување кај неа“, подвлекува д-р Велјановски.

Македонската јавност малку знае за страдањата на македонските бегалци што стасале во Бугарија. Масовни иселувања од Егејска Македонија имало по Првата светска војна по потпишувањето на Конвенцијата за размена на население меѓу Бугарија и Грција во 1924 година, донесена со амин на Друштвото на народите. Тогаш Егејска Македонија морале да ја напуштат околу 31.000 Македонци. Најмногу од нив се населиле во пиринскиот дел на Македонија, каде што формирале посебни села, кои и денес се компактни.

Меѓутоа, сите македонски бегалци ја немале таа среќа да најдат покрив над главата. Многу од нив доживеале невидена голгота. „Кога ја видовме мизерната положба на бегалците во Бугарија, си вообразивме дека се наоѓаме во еден од круговите на пеколот на Данте. Тоа е вистински скандал за Европа што не може да се поднесе“, напиша Лусиен Крамер во 1925 година за бегалската драма на илјадниците Македонци, кои биле присилени да ја напуштат Грција.

Уште подраматични се искажувањата на делегатите на Меѓународното биро за труд при Друштвото на народите. Двајца од нив, Проктер и Тиксје, при посетата на бегалските логори не можеле да поверуваат во тоа што го виделе со свои очи: „Тоа е страшно! Ние сме поразени до таков степен што не можеме да се храниме ниту да се успокоиме од грозните слики што ги видовме низ бегалските логори“, ќе ја информираат тие меѓународната организација.

Заминувајќи од Грција, бегалците се надевале дека конечно ќе им се стави крај на нивните маки, дека во Бугарија ќе ги пречекаат како свои луѓе, но наишле на невидена одбивност. Д. Динев, член на Националниот комитет на македонските благотворителни друштва, во извештајот од август 1924 година напишал: „Измачените бегалци, кои ги има зафатено болно очајание, не можат да чујат благ збор од никого. Тука ќе се печат на жешкото летно сонце, на ветерот, на дождот. Ним не им се дозволува да се сместат во карантинските бараки, па нити на болните и на доилките“.

Од железничката станица во Софија бегалците биле испраќани во разни места низ Бугарија, а нивниот пат дотаму бил послан со невидени маки. Во еден друг извештај од 11 јули 1924 година е забележано: „...Од Бургас до Месимврија на неколку места сретнавме групи очајни бегалци, за чија положба би рекол само тоа дека личат на се' друго, само не и на луѓе“.

Бегалците поради големата исцрпеност и изгладнетост, биле подложени на разни заразни болести. Тоа го потврдува телеграмата на д-р Талев до бугарското Министерство за внатрешни работи и до Националниот комитет од 25 јули 1924 година, во која пишува: „Во Бургаскиот округ констатирав дека сите бегалци се заразени од маларија... Тешкиот пат и гладот ги истрошиле бегалците и станува жално кога гледаме смртни случаи од маларија“.

Драмата на бегалците - Македонци најдобро ја илустрира извештајот на годишното собрание на Националниот комитет на македонските благотворителни друштва, одржано во февруари 1926 година, во кој се констатира: „Бегалците доаѓаа голи, гладни, измачени и исцрпени. Тие имале надеж дека тука, во слободна Бугарија, ќе им се стави крај на нивното црно ропство и на физичките и моралните страдања, дека тука ќе бидат пресретнати и прифатени братски, барем ќе имаат привремено каде да се потпрат и да се сместат. Тешко ним! Уште со нивното пристигнување на свиленградската станица, тие беа пресретнувани од официјалните власти на начин што веднаш ја оладуваше таа нивна мала надеж што ја имале по напуштањето на своите домови за да ја заменат со полно очајание пред грозната бугарска стварност... Наместо братско сочувство, целосна незаинтересираност, целосна безгрижност од сите правци на заинтересираните власти, а некаде и од месното население за да се стигне до парадоксот бегалците да се третираат како интернирани во Ловечко или да се нарекуваат ’ескими и варвари‘, како што го сторил тоа месемврискиот кмет во своето писмо до окружниот управител на Бургас“, пишува во извештајот на македонските друштва од Софија.

Истовремено се констатира дека бегалците во негостопримливата Бугарија ги коселе разни заразни болести. „Смртоносниот сопатник на лишувањата, очајанието и гладот не задоцни да ја направи својата жетва богата. Од 20 отсто во Пловдивско, смртноста во нивните редови достигна до 80 отсто во Русенско“, е забележано во еден документ.

За драмата што ја преживувале македонските бегалци Андре Урбаин во својата книга напишал: „Сместени привремено по училишта, железнички станици, колиби или шатори, тие дотолку полесно стануваа плен на сите зарази, зашто веќе беа ослабени од поранешните лишувања. Поради недостатокот на расположлива обработлива земја, многу бегалци беа упатени кон мочуришната област Бургас, плоден крај што станува речиси неподнослив поради маларијата што пустошеше таму. И така смртноста кај последната категорија беше вистински страшна. Од бегалците сместени во околината на Бургас, 69 отсто умреа за две години“, пишува Урбаин.








#
Статијата е прочитана 3462 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo SAD
Датум: 16.10.2010 21:59:48
Iskreno mu blagodaram na urednishtvoto na Untriski shto sobra hrabrost da nastapi so vaka detalen feljton. Iako sum roden vo 70-tite godini, mnogu podocna od ovie nastani, za golemo chudo duri i ovde vo SAD imav prilika da se zapoznaam so lugje koi se potomci na Makeodnskite begalci vo Bugarija, a chii predci prebegnale tamu ushte od vremeto na Ilindesnkoto vostanie, vo koe aktivno se borele. I samiot lichno mozham da prenesam slichni svedoshtva na moite predci od Egejska Makedonija, del od koj prebegnale vo Makedonija, a drugi vo Plovdiv, Bugarija. Site shto ova go chitaat treba da znaat deka se raboti za 100% vistina, koja dolgo vreme beshe kriena pod tepih. Grcija i Bugarija kako generatori na ovoj genocid treba konechno da svatat deka nepostoi nachin Makedoncite da se soglasat so posledniot genocid shto im se turka - brishenje na nacionalniot identitet. Jas licno so toa nikogash nema da se soglasam, i dozhivotno kje se boram ovaa vekovna nepravda da se izbrishe i ispravi.
Од: VP
Датум: 16.10.2010 22:06:22
Таму каде што Егзархијата била силна - со немного исклучоци - денес имаме Македонија и Бугарија. Ајде да не го заборавиме тоа, сепак. Апсолутно никаква причина нема за антагонизам помеѓу денешните Македонци и денешните Бугари ... Да ги оставиме настрана балканско-словенските емоции; секогаш има начин да се развиваат добрососедски односи - и тоа нема да биде малку.
Од: Вистински Бугар
Датум: 17.10.2010 11:06:07
Поради недостатокот на расположлива обработлива земја, многу бегалци беа упатени кон мочуришната област Бургас, плоден крај што станува речиси неподнослив поради маларијата што пустошеше таму. малариjа во Бургас? Умерен климат и малариjа ? Учите повеке ! Поз от Бугариjа!
Од: srebre
Датум: 17.10.2010 12:36:08
neli ova dokazuva deka bug bila sposobna i togas i sega i togas koga gorelo pod noze gi pribrala vo svoi krilja i denes koga mizeruvame i sme izolirani gi pribira gladnite i im dava pasos da se naselat vo bug pa bug bila fasisticka???abe nie iskrsivme noze za bugarski pasos ....koj bug krsi noze za makski pasos?
Од: ДО СИТЕ А ПОСЕБНО ДО НЕОСВЕСТЕНИТЕ
Датум: 17.10.2010 13:53:13
ЗА СИТЕ Е ДОВОЛЕН ПРВИОТ КОМЕНТАТОР. Брате и јас несакам така да заврши геноцидот над македонскиот народ.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 17.10.2010 17:17:31
Најлошо од се’ е кога нашата историја ја пишуваат потомци на Бугарски кметови кои ги Окрвавиле рацете против сопствениот народ за време на Бугарската Окупација!Зарем не се прашува некој,како ли гледале во Бугарија на оние кои доаѓале од Македонија?Навистина мислите дека Бугарската разузнувачка служба заборавала да Обработи некого?
Од: nacional-patriot
Датум: 17.10.2010 22:26:59
Mnogu istoricari kako Grin,Smit,i drugi,tvrdat deka Makedoncite imaat mnoguvekoven makedonski identitet od antikata,potoa sredniot vek,do denes.Sofiskata egzarhija vo vtorata polovina na 19 vek se obidela ovoj kontinuitet da go zapre i da gi asimilira Makedoncite no ne uspeala poradi otporot na mnozinstvoto Makedonci.Tie uspeale i da go socuvaat makedonskiot jazik so nekolkute desetici makedonski dijalekti,dijalekti koi od eden do drug del na Makedonija komunicirale megju sebe i sekako se razbirale,bidejki tie dijalekti bile i se del od makedonskiot jazik i samo Makedoncite gi razbirale.
Од: Штипјанин
Датум: 18.10.2010 03:19:30
Ако Бугарите сме ги чувствувале како туѓи и „крвни непријатели“, зошто тогаш Македонците по Првата Светска Војна барале прибежиште во Бугарија, а не, да речеме, во Србија или некоја друга земја? И како тоа авторот „заборавил“ да спомне дека токму во тој период началник на „Службата за заселване на бежанците од Македонија, Тракија и Добруџа“ при бугарската влада е Ѓорче Петров! Т.е. тој бил лично одговорен за судбината на македонските бегалци во Бугарија! Не ми е јасно, зошто е премолчано дека месемврискиот (Месемврија -денешен Несебр) кмет, кој ја има дадено таа одвратна изјава, бил Грк по националност! Несебр, како и повеќето црноморски населени места во Бугарија се до 1925 год. се населени со мнозинско етнички грчко население.
Од: ДО БЕГАЛЧЕТО
Датум: 18.10.2010 08:06:26
Ама ти бе дете си со српско школо. Јас и таквите и таквите ве молам македонската вистина да си ја научите.
Од: Vladimir
Датум: 18.10.2010 10:23:51
Zalosna e makedonskata sudbina. Tie koi begale od helenizacijata, srbizacijata i turskiot zulum si nalepile ne eden nov proces, procesot na bugarizacija. Denes, potomcite na proteranite i obezpravenite se najglasnite i najrevnosnite braniteli na bugarstinata. Gordi da go nosat turkomomgolskoto ime, a navredeni koga ke im se pomene potekloto na onie koi formirale nakakva si bugarska drzava pred 13 veka. Na nekoi lugje ne im preci da bidat podanici. Interesno bi bilo da se znae kolku od tie 2 miliona bugarski drzavjani se so makedonska nacionalna svest, a kolku od niv se bugarizirani?! Citaj kolku od niv se janicari!

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
Фестивал на албански театар во Дебар
„Флит стрит“ против империјата на Мардок
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Грците не плаќаат струја
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
Во Прилеп споменик на Бувие
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора
Спаска Митрова го доби детето






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia