Грците не плаќаат струја
(18.10.2010г.-09:49ч.) Само еден од четворица државјани на Грција редовно си ги подмирува сметките за струја, покажуваат податоците на Националната електродистрибутивна компанија. Според анализите, во Атина сметките ги плаќа секој трет жител, а само во јуни годинава, над еден милион потрошувачи во Грција не можеле да си ги платат сметките за струја. Слична е ситуацијата и во грчкиот телеком ОТЕ, каде што над половина милион корисници не си ги подмириле сметките за телефон.
|