Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Писмо од Лондон

„Флит стрит“ против империјата на Мардок

Томислав Ивановски

Во Лондон се смета дека побуната на Флит стрит Ќе предизвика дополнителна политиЧка главоболка за коалиционата влада на ДеЈвид Камерон

ЛОНДОН - „Флит стрит“, улицата во Лондон каде што некогаш беа собрани сите овдешни редакции и оттогаш претставува синоним за лондонското новинарство, прв пат ги остави настрана своите стари, историски разлики за, како што се вели, да се запре натамошното ширење на моќната медиумска империја на Руперт Мардок.

Новинските компании што стојат зад „Дејли телеграф“ и „Дејли меил“, редакции кои традиционално се блиски и наклонети кон британските конзервативци и компаниите што ги издаваат „Гардијан“ и „Дејли мирор“ кои важат за подржувачи на лабуристите, потпишаа заедничка петиција и како писмо го испратија до министерот за бизнис, Винс Кејбл, барајќи од него да ја блокира понудата на Њуз корпорејшн од дури осум милиј��рди фунти, за целосно преземање на компанијата БскајБ и сателитската, мошне гледана телевизија Скај.

Компаниите предупредуваат дека доколку биде одобрено преземањето, ќе се загрози демократската дебата и демократијата во Велика Британија. Противниците на оваа финансиска операција сметаат дека Мардок е на пат да се претвори во своевиден британски Берлускони откако тој веќе ги поседува најтиражниот дневен весник „Сан”, најтиражниот неделник „Нјуз оф д ворлд”, најстариот дневен весник во светот „Тајмс”, неделникот „Сандеј тајмс”, низа локални весници, како и угледната издавачка кука „Харпер и Колинс“. Потписниците на протесното писмо до министерот Кејбл инсистираат дека преземањето и на телевизијата Скај е опасно, зашто ќе предизвика тешки и далекусежни последици за плурализмот во медиумскиит сектор. Токму затоа на протестот му се приклучија и Би-Би-Си, телевизијата Канал 4, како и телекомуникациската компанија „Бритиш телеком”.

Во Лондон се смета дека побуната на Флит стрит ќе предизвика дополнителна политичка главоболка за коалиционата влада на премиерот Дејвид Камерон, затоа што, според пролевичарските веснци, тој и неговите ториевци ја обезбедија победата врз лабуристите, откако на нивна страна застана тиражниот таблоид „Сан“, кој меѓутоа ниту тогаш, а ниту сега не ги поддржува либералдемократите, партнер на конзервативците во владата. Освен тоа, како директор за комуникации во кабинетот на Камерон работи Марк Коулсон, поранешен главен уредник на „Нјуз оф д ворлд“ и велат миленик на Мардок, чија вплетканост во аферата со ловењето на говорната пошта во мобилната телефонија, за да се прислушкуваат на илјада познати личности во британскиот јавен и политички живот, се' уште не е до крај расчистена.

Гневот и стравувањето на потписниците на протесното писмо е заснован врз сознанието дека Мардок се идентификува со телевизија Скај и БскајБ, што ја раководи неговиот син, но оваа сателитска ТВ-станица не е целосно под контрола на Мардоковата империја. Тој сега настојува да обезбеди контрола од 61 отсто, по што се смета дека угледните и влијателни коментатори на „Тајмс“ Метју Парис и на „Сан“ Тревор Кавана, за кои се знае дека се блиски до ториевците, ќе може да се појавуваат со своите ставови и гледања и на телевизијата, што сега не е случај. Телевизија Скај е блиска со компанијата „Њуз корпорејшн“, но таа сега има независна уредувачка политика. Тоа во иднина би можело да се наруши, па вестите на Скај Њуз и ставовите на неговите коментатори и аналитичари, да бидат многу поблиску отколку сега, до ставовите на весниците што ги поседува оваа компанија.

Лондонски „Гардијан“ кој одамна води „војна“ со Мардок и се противи на неговата раширеност на британскиот медиумски простор, без разлика на подршката што тој му ја даваше на поранешниот лабуристички премиер Тони Блер, тврди дека големиот медиумски тајкун знае честопати, ако не и секој ден, да им телефонира на уредниците на весниците, со што се објаснува „сличниот тон“ во оценувањето на актуелниот премиер од страна на весниците на компанијата, затоа што Мардок го подржува Камерон.

Њуз корпорејшн, од своја страна, објаснува дека понудата за преземање на акцииите на БскајБ, а тоа значи и на Телевизија Скај, се прави само од финански причини. Се тврди дека Руперт Мардок се подготвува за нова револуција во новинарскиот бизнис, развивајќи нови дигитални производи за ИПад.

Финансиската понуда од оваа компанија затоа се гледа како дел од големиот бизнис. Таа според британските закони, меѓутоа, мора да биде потврдена од министерот за бизнис Кејбл кој има право да покрене истрага. Токму за тоа се залагаат потписниците на протесното писмо, барајќи да се утврди дали со оваа понуда не се нарушува конкурентноста на пазарот и плурализмот во медиумите.


#
Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
Фестивал на албански театар во Дебар
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Грците не плаќаат струја
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
Во Прилеп споменик на Бувие
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора
Спаска Митрова го доби детето






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria