Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

„Фејсбук“

Не можам да „четам“, ја молзам кравата

Повеќето онлајн-игрички се на „Фејсбук“ отколку на која било друга платформа. Ги набројуваме десетте најпопуларни

Игрите на социјалните мрежи, како што се оние на „Фејсбук“, според американските податоци, се најпопуларни на светот. Милиони и милиони корисници на „Фејсбук“ речиси секојдневно се забавуваат во наизглед сосема будалести игрички, во кои се молзат крави или се станува мафијаш, или, пак, „сериозниот“ Тексас холд’ем покер“, кој му ја подигна популарноста. на покерот Ова се десетте најпопуларни игрички на „Фејсбук“.

„Фармвил“

На многумина оваа игра им е единствен допир со каков било облик на фарма (вистинска или виртуелна), но, неверојатни 62 милиона играчи ја играат оваа игра секој месец. Во последните 15 месеци „фармерите“ вкупно обработиле 500 милиони хектари земја, насадиле 20 милијарди садници и размениле 15 милијарди овци.

„Тексас холд’ем покер“

Оваа игра има собрано повеќе земји од Обединетите нации зашто во ОН има 192 членки, а бројот на земји во кои граѓаните ја играат оваа игра онлајн, преминува добри 200. Навистина околу овие бројки би можело да дојде до кавга зашто едни тврдат дека постојат 195 земји, додека други велат дека ги има 266.

„Фронтиервил“

Играта во која светот одново се гради, за многу играчи е единственото место каде што можат да се венчаат со личност од истиот пол. Па така, само во септември годинава во виртуелниот работнички свет се склопени 1,1 милион хетеросексуални бракови и 111.099 хомосексуални.

„Кафе ворлд“

Не можат сите да бидат Роберт де Ниро и да отвораат ресторан во вистинскиот свет, но околу пет милиони личности го имаат направено тоа во виртуелниот свет, каде што досега се отворени повеќе од 82 милиона угостителски објекти.

„Мафијашки војни“

Оние што ја играат оваа игра, своите задачи од големиот шеф ги сфаќаат многу сериозно. Досега членовите на мафиите се пресметале повеќе од седум милијарди пати, извеле околу осум милијарди грабежи и договориле околу 20 милијарди зделки. Среќа што станува збор за виртуелни организации.

„Остров со богатство“

Сите имаме пораснато со приказни и филмови за потрага по изгубеното богатство... Така во оваа игра, во период од само шест месеци се ископуваат околу 100 милијарди кубни метри земја.

„Баунсинг болс“

Класичните игрички не излегуваат од мода и месечно привлекуваат околу 13,8 милиони корисници.

„Пет сосајати“

Виртуелните миленици навистина можат да бидат среќни, а ги има „само “ 70 милиони.

„Весел аквариум“

Чување голем аквариум во стан е многу скапо хоби. Виртуелниот е бесплатен, а и не постои опасност дека рипчињата ќе изгинат.

„Петвил“

Уште една игричка со домашни миленици во која миленикот може да се разгали, а тоа нема да ви предизвика напад на бес кога ќе дојдете дома и ќе видите дека фотелјата ви е изгризана.


#
Статијата е прочитана 1597 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
Фестивал на албански театар во Дебар
„Флит стрит“ против империјата на Мардок
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Грците не плаќаат струја
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
Во Прилеп споменик на Бувие
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора
Спаска Митрова го доби детето






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria