Фестивал на албански театар во Дебар
18.10.2010г.-10:01ч.) Со претставата „Девојката и смртта“ од Ариел Дорфман во режија на Фатос Бериша во изведба на театарот „Косово“ од Приштина, вечер во Центарот за култура во Дебар, почнува деветтиот фестивал „Албански театар во Македонија - Дебар 2010“. Во наредните три дена пред дебарската публика ќе се претстават театарски трупи од Македонија, Албанија и од Косово. На последната фестивалска вечер, на 21 октовмри, ќе се претстави театарот од Тетово по што ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режисер и актери. Фестивалот свечено за отворен ќе го прогласи заменик премиерот Абдулаќим Адеми, а присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Дебар Аргетим Фида. Покровител на фестивалот е Министертвото за култура. (МИА)
|