Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Кејт Мос

Тајно се венча во август на Сицилија

Кејт Мост, наводно, станала мажена жена, објавуваат американските медиуми. Манекенката и нејзиното момче Џејми Хинц уште на 7 август застанале пред олтар на Сицилија, во друштво на најблиските од семејството и неколку пријатели. „Беше тивко, но, сепак, многу романтично. Кејт имаше турбулентен љубовен живот, но во срцето секогаш била романтична“, изјави еден извор за „Дејли мирор“. Манекенката на венчавката, наводно, носела проѕирен бел фустан и била боса, а судбинската изрека ја кажале во малата живописна црква на италијанскиот остров.

„Кејт никогаш не се држеше многу до традицијата, но Џејми секогаш беше со неа, во добро и во лошо, така што едноставно почувствува дека дојде вистинскиот момент за вистинската одлука“, рече изворот. Ќерката на Кејт, осумгодишната Лила, родена во врската со бившото момче, манекенот Џеферсон Хак, ги носеше венчалните прстени на младоженците, а на прославата се играше под дрва. „Сето ова го планираа со месеци и затоа биле многу возбудени. Тие не сакаа традиционална свадба. Само неколку минути откако официјално ги прогласија за маж и жена излетаа од црквата и почнаа да играат“, изјави извор. Кејт неколку пати во последниве неколку месеци беше забележана со голем прстен, кој личеше на свршенички. Наводно, Џејми ја побарал за жена за време на роденденот во јануари.


#
Статијата е прочитана 1119 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали ��уJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери
Кичот врвен приоритет на власта!
„Флит стрит“ против империјата на Мардок
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
Спаска Митрова го доби детето
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia