Медицинска козметика
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Станува збор за медицинска козметика која е резултат на најновите медицински истражувања специјално приспопсобена на потребите на машката кожа, која е клинички тестирана и дерматолошки докажана
Во ерата на метро, ретро... сексуалци, т.е. кога пазарната логика на новиот век има потреба да им дава предзнаци на мажите, речиси исто колку на жените, и понатаму првиот и основен чекор во потребата од лична хигиена и убавина кај посилниот пол е бричењето на брадата. Со цел да им помогнат на мажите во негата на лицето, особено при бричењето, истражувачите од Баерсдорф ја создадоа колекцијата за мажи „еуцерин“. Станува збор за медицинска козметика, која е резултат на најновите медицински истражувања специјално приспособена на потребите на машката кожа, која е клинички тестирана и дерматолошки докажана. Се состои од гел и пена за бричење, балзам за по бричење, навлажнувачки крем и крем против стареење на кожата.
„Гелот и пената за бричење лесно се нанесуваат на лицето, кожата одлично ги апсорбира, овозможуваат бричењето да биде многу пријатно а жилетот нежно да поминува низ кожата, не предизвикувајќи микросечења и црвенило. Производите за бричење ги содржат сребрените молекули кои овозможуваат антибактериски и антииритационен ефект и ја подобруваат еластичноста и хидратацијата на кожата. Балзамот по бричење не ја суши кожата, а истовремено ја зајакнува и регенерира“, изјави д-р Соња Доневска, дерматолог, на промоцијата за доктори и фармацевти минатата недела во „Холидеј ин“ во Скопје.
Овие производи се идеални за лица со осетлива до проблематична кожа на лицето. Постои одлична толерантност на кожата дури и кај лица што имаат проблем со атопичен дерматитис и акни. Ефектите се најдобри кога се комбинираат производи од целата колекција. Кремот „еуцерин дип моистуре“ овозможува 24-часовна хидратација, дејствувајќи дури и во најдлабоките слоеви на кожата.
„Еуцерин интенс антиејџ“ ефикасно се бори против стареењето на кожата, активирајќи ги природните процеси на регенерација на кожата. Содржи три ефективни состојки што го спречуваат стареењето на кожата: коензимот Кју10, хијалурон и УВА-заштита. |