Флавонол
Јадете чоколада и живејте долго!
Вечната битка околу полезноста и лошите страни на оваа неодолива храна, чоколадата, не престанува, а последните неколку истражувања одат исклучиво во прилог на овој обожаван продукт.
Така заклучокот на студијата спроведена на универзитетот „Абердин“ покажало дека флавонолот од чоколадата помага да се отстранат проблемите што можат да доведат до срцеви заболувања, па дури и ја отстранува штетата настаната поради пушењето. Професорот Карл Кин од универзитетот „Калифорнија“ тврди дека мали количини чоколада можат да имаат еднаков ефект како и аспиринот.
Според магазинот „Медицинска храна“, чоколадата е еден од најдобритеизвори на магнезиум, минерал есенцијален за здравјето на мозокот, а на универзитетот „Корнел“ во Њујорк откриле дека „темната напаст“ содржи антиоксиданс, кој може да штити од болести, како што е Алцхајмеровата. На универзитетот „Вест Вирџинија“, пак, наведуваат дека чоколадата го подобрува помнењето, способноста за концентрација и способноста за решавање проблеми со зголемен проток на крв во мозокот.
Ако ова не е доволно, јапонските научници констатирале дека одредени антиоксиданси, кои можат да се најдат во чоколадата, го зајакнуваат имунолошкиот систем, а 40 грама темна чоколада секој ден ќе ви помогне во редукција на хормонот на стресот.
Кога кон тоа ќе се додаде и студијата во која учествувале повеќе од 8.000 харвардски студенти и меѓу кои оние што редовно консумирале чоколада живееле подолго од оние што не го правеле тоа, причина да не загризате од својот омилен деликатес по читањето на овој текст, навистина не постои. |