Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

„’Мама‘ - тоа сум јас“, се јави Муса Џафери

Министерот за локална самоуправа потврди дека тој е еден од функционерите на ДУИ за кого е доставено досие до лустраторите

Светлана Унковска

„Добро знаете кој е тоа, да - тоа сум јас“. Вака министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, вчера потврди дека тој е еден од тројцата функционери на ДУИ за кои професорот Шпенд Љуши поднел досие до Комисијата за лустрација. По потпишувањето на договорите за имплементација на проектите за меѓуопштинска соработка за доделување грантови со кои ќе се финансираат локални проекти, министерот Џафери одговараше на прашањата на новинарите за обвинувањата дека бил кодош.

Тој вчера ги отфрли тврдењата дека бил соработник со тајните служби и рече дека се работи за валкани игри на ДПА, која сака да искомпромитира одредени личности. И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, завчеравечер, само неколку часа откако беа предадени досиејата, во емисија на Втората програма на МТВ истакна дека сето тоа е фабрикувано од нивниот политички опонент ДПА, а за професорот Љуши најави тужба.

„Се согласувам дека ДПА сакаше да има ефект и да направи тема во медиумите. Претпоставувам дека поранешните структури на УДБА се' уште имаа фосили или некои кои имаат долг кон тие служби. Но, за жал, и професорот ќе биде првата жртва на оваа валкана игра, бидејќи тој има долг кон некого и мора да ја игра оваа улога“, изјави министерот Џафери. Во неговото досие со псевдоним „Мама“ имало два документа, според кои тој од Службите на поранешната државна безбедност на два наврата добил 40 илјади австриски шилинзи и 25 илјади швајцарски франци. Тој рече дека веќе го добил и ја разгледал содржината на досието и најави дека лично ќе се ангажира да ги провери фактите.

„Својот личен интегритет ќе го бранам пред институциите и тоа и пред домашните, но и пред меѓународните“, најави министерот Џафери.

Во Комисијата за лустрација с е' уште не ги отвориле досиејата на тројцата функционери на ДУИ. Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, вели дека тие се' уште не ги разгледале, но кога ќе започне процесот на утврдување на фактите, ќе можат да кажат дали се работи за веродостојни документи, на досиеја за кои се тврди дека се донесени од Белград.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека ќе поднесе тужба против професорот Љуши. Тој во емисија на Вториот канал на МТВ рече дека документите, најверојатно, се фалсификувани, односно дека целиот тој потег е фабрикуван од нивниот политички опонент ДПА.

„Против професорот Шпенд Љуши ќе поднесеме тужба, бидејќи сметаме дека документите што ги доставил се фалсификувани. Тие досиеја кои на чуден начин ги добил како да му ги доставил некој гулаб, па затоа сметаме дека оваа дилема треба да се расчисти со тоа што ќе поднесеме тужба. Се обвинуваат личности кои имаат голем кредибилитет кај албанскиот народ и се сака да се фрли дамка врз авторитетите на државата. Ова е нечесна битка, ова е прогонување и најостро го осудуваме“, рече Ахмети во емисијата на МТВ 2.

Во ДУИ веќе ја разгледуваат можноста за поднесување тужба против професорот кој ги донесе досиејата, но истовремено велат дека ќе сакаат да слушнат и да видат со какви ставови ќе излезе Комисијата за лустрација во врска со содржината во папките. Очекуваат дека лустраторите набрзо ќе излезат со свое решение.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да се ангажираат за да ја докажат релевантноста и веродостојноста. Се разбира, и да дадат одговор за тоа што содржат и какви се овие т.н. досиеја за да не се дозволи понатамошни манипулирање со процесот на лустрација. Најважно од се' е да не се дозволи овој процес да стане уличарски процес што се спроведува на арогантен начин и, уште пострашно, процес што се спроведува заради политички цели и интереси“, порача вчера Ермира Мехмети од ДУИ.


#
Статијата е прочитана 3373 пати.

Испрати коментар

Од: suvada
Датум: 16.10.2010 14:50:18
mozno li e cela DUI da e formirana od UDBA za da se raspadne makedonija. ako se tolku silni, a ovie nasive tolku kilavi, treba da se raspadne ovaa partal drzava.
Од: igor
Датум: 16.10.2010 15:17:14
i na kraj kje izleze deka nastanite od 2001 se vodeni od srprskite taajni sluzbi i deka DUI e nivna tvorba
Од: remi
Датум: 16.10.2010 15:38:08
Ironiçno i interesno,,,,,od 2 miliona gragjani na Makedonija samo 3 bile kodoshi,,,i toa trojcata od DUI,,??!!!!! dosia koi se naogjaat na dvovori,,,vonzemljaci,,,,hahahahhahha,,
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.10.2010 18:16:12
Ах бре remi слабо броиш,имаме 4 (со букви четири)моментални кодоши кој имаат досиеја.Го забораваш истиот таков од опозицискиот сокак.Овие барем се бранат,тој пак нема аргументи за одбрана барем во почетокот а вероватно ќе ги изнајде.Тоа Феличита ќе ти го објасни најдобро се надевам.
Од: Egej
Датум: 16.10.2010 19:08:09
? Dali clenovite na komisijata za lustracija so se pretsedatel NE SE za lustracija,pa ako e otprilika taka,se postavuva prasanje kogo ke lustiraat i logicno e dosiejata da se "naogjaat" po dvorista.
Од: ?!
Датум: 16.10.2010 21:03:39
Подобро да нема коментари и од медиумите,а камоли пак од обичните смртници,коментатори меѓу кои и јас..Кодот на Давинчи секој не го дешифрира на ист начин.Сепак, колку и да демократијата преку самобендисаноста не направи рамноправни и еднакво умни,сепак има нешто повисоко кое ние обичните смртници треба да признаеме дека не му сме дораснати.Државата доста напати од несмасноста на нејзините душегрижници.
Од: srebre
Датум: 16.10.2010 22:24:38
nisto cudno tek ce slusame cirkusi videtyetie ludje ne slucajno se na celo na dui od prosta pricina sto se karieriesti pa tie isti ludje vo edno dr vr se prodale na kpj najnormalno nisto cudno negledam.....da dojde utre dr partija tie i na neace se prodat.....................da bile cesni sega nnemaa da imat leb da jadat hahahaha
Од: Феличита
Датум: 17.10.2010 09:35:26
Remi,не се три,ниту четири,ти и Среќко го заборавата Агент 005,а и оној со пусулчето од министерката!Среќко често го фаќа „амнестија“ тој го заборави својот идол Војводата,Братот му стана Сестра,не се сеќава на Гацов,Цветанов итн... Следеќи,Среле?
Од: adisha-tetovo
Датум: 17.10.2010 12:05:34
Ministerot Musa Dzaferi vo negovata izjava vo vrska dosijeata ima eden seriozen defekt, kade medjudrugoto veli deka: " Profesorot Spend Lushi, ima dollg kon nekogo". Jas kollku go poznavam profesorot i negovata familija, ve uveruvam deka deneska istiot toj profesor, nema dollg kon nikogo, sprotivno 22 albanci i makedonci (nekogasni kodosi) mu dollzat na negoviot tatko, koj odlezal 8 godini zatvor vo Petrova Rupa kaj Goli Otok. Pozdrav do redakcijata, Adisha Tetovo.
Од: Разочаран
Датум: 18.10.2010 00:13:08
Сево ова немаше да изгледа вака ако Латас не добиеше пусулче за 2 минути, додека сите чекавме по 2 години за лична карта или пасош и ако агентот 005 како што го нарекуваат не бегаше од прозорец. А патем речено, братот Љубе, кој стана сестра за сите грујовисти преку ноќ, посочи уште еден сопственик на медиум кој треба да биде лустриран, тој не се ни мачи да му издадад пусулче, топ не го бие, си останува последен феудалец во Европа.
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 18.10.2010 02:56:45
Добро знаете кој е тоа, да - тоа сум јас“. Вака министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, вчера потврди дека тој е еден од тројцата функционери на ДУИ за кои професорот Шпенд Љуши поднел досие до Комисијата за лустрација. Znaci znael i se identifikuva . Dali e potrebno ponatamosno utvrduvanje na faktite? Ili se e politika samo da se zacuva brakot pa makar i drzava da ne kosta.
Од: Kalimero
Датум: 18.10.2010 08:39:24
Ovaa drzava opstoi i postoi na temelite na kodosenje, nepotizam, spiuniranje...boze ili spasi ne od niv ili pak potopi ne....pa posle ako ne se premislis, povtorno stvori go coveka.NA KRAJ EDNA DOBRONAMERNA PREPORAKA DO SITE MEDIUMI.PISUVAJTE POVEKE ZA UBAVI RABOTI, NE PRAVTE STETA KAKO CIGARITE, N E PREDIZVIKUVAJTE RAK ILI STETA KAJ LUGETO

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (7)
Дали вуJко е подобар стрелец од мама?
Јадете чоколада и живејте долго!
Олово и во играчките од светски фирми
Кичот врвен приоритет на власта!
Фестивал на албански театар во Дебар
„Флит стрит“ против империјата на Мардок
Сомнителни типови – вистински дисиденти
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Тајно се венча во август на Сицилија
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Windows Phone 7 претставен на светот
Иднината на моќта
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Грците не плаќаат струја
Менување на светот за 18 минути
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“
Во Прилеп споменик на Бувие
„Еуцерин“ се грижи и за мажите
Магазин
Не можам да „четам“, ја молзам кравата
Пробиен најдолгиот тунел на светот
Како Илеш Шпиц се спаси од гасната комора
Спаска Митрова го доби детето






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria