Комерцијална со профит од 22,4 млн. евра
Комерцијална банка ја заврши 2008 со бруто-добивка од рекордни 25 милиони евра, остварени во услови на глобална финансиска криза. Лани е остварен бруто позитивен финансиски резултат од 1,55 милијарди денари, што е за 45 отсто повеќе во однос на 2007, соопшти вчера Комерцијална банка. Нето-добивката на банката за 2008, по оданочувањето, изнесува 1,37 милијарди денари, или околу 22,4 милиони евра. Годишниот приход од камати на одобрените кредити бележи зголемување за 25 отсто, приходите од банкарски услуги пораст за 1 отсто, додека расходите за провизија за банкарски услуги се зголемени за 19 отсто. (Макфакс) |