„Силмак“ запира, работниците на улица
Тетово - Компанијата „Силмак“ од Јегуновце на 1 март ќе ја изгаси и последната печка. По згаснувањето, работниците ќе останат на улица. Според извршниот директор, Ѕвонко Стојановски, на работа ќе бидат задржани стотина работници, кои ќе треба да ги завршат започнатите работи за ремонт на една од печките, како и дел од дежурните и службите за обезбедување. Запирањето со производство во „Силмак“ е резултат на намалена побарувачка на произведеното и ниската цена на феросилициумот. Гасењето на печките се одвиваше постепено. Со тоа темпо и се отпуштаа вработените или, пак, се испраќаа на принуден одмор. Од комбинатот се надеваат на повторно започнување со работа. (Макфакс) |