Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Сведмилк“ почна со исплатата на долгот спрема сточарите

Пелагониските фармери предупредија дека ако денеска не се исплати половината од долгот, повторно ќе стапат во штрајк

Маја Томиќ

Конечно, вчера „Сведмилк“ започна со исплатата на долгот спрема фармерите. Тие вчера во Тутунска банка можеа да си ги земат парите што им се должат за продаденото млеко од август минатата година. Исплатата ќе почнеше и завчера, велат во млекарницата, но тоа не можеше да се оствари поради проблеми со банкарските сметки, па затоа налозите за исплата не можеле да се реализираат. Од млекарницата појаснуваат дека сметката на „Сведмилк“ се' уште е блокирана од страна на Комерцијална банка, додека Охридска банка веќе ја ослободила сметката.

Според Стевче Пивковски, претседател на Штрајкувачкиот одбор на пелагониските фармери, само стотина од нив вчера успеале да земат пари од банка, така што кај нив постои сомневање дека заклучно со денешниот ден ќе биде исплатен 50 отсто од долгот спрема фармерите, како што ветија новите газди на „Сведмилк“. Инаку, како што вели Пивковски, само во пелагонискиот крај има 2.300 кооперанти.

„Ако оди со такво темпо, какво што беше вчера, не ми се верува дека ќе се постигне таа бројка. Дај боже да грешам и да не биде така“, вели Пивковски.

Сепак, иако дел од парите легнаа на сметките на фармерите, пелагониските кооперанти вчераутро поставија ултиматум до новите газди - ако до денеска не им биде исплатена половина од сумата што им ја должи шведската млекарница за изминатите 6 месеци, ќе прекинат понатаму да го предаваат млекото и ќе стапат повторно во штрајк. Сточарите се жалат дека новите сопственици на млекарницата едно им ветуваат, а други применуваат во практика.

„Новиот газда ни рече дека уште завчера ќе почне исплатата, аме еве, пари нема кај сите фармери. Ако до денеска не ни се исплати 50 отсто од долгот, нема веќе да го носиме млекото. Тоа е нашиот став, нема да предадеме ниту капка млеко. А, веќе размислуваме и за нови протести“, изјави Кире Макаловски, фармер од Пелагонија. Сточарите уште еднаш ја потсетија Владата дека треба сериозно да ја следи состојбата со исплатата на млекото и со ветувањата на новите газди.

Во последниот месец цената за литар откупено млеко се движи од 16 до 24 денари. На ниската откупна цена вчера се пожалија и кооперантите на битолската млекарница ИМБ . Тие велат дека во последниот период, ИМБ им исплаќа цена од 8 денари за литар млеко, а од фармерите било барано да потпишат договори за таа цена.

Инаку, новиот сопственик на млекарницата и претседател на „Феникс енерџи“ , Моше Баум, завчера изјави дека до денеска фармерите треба да добијат 50 отсто од долгот, а другата половина најдоцна до 10 март.

Баум рече и дека млекарницата има добри потенцијали и со мали подобрувања и со новиот менаџерски тим, за една и пол година ќе работи со профит. Целта, според него, е да се остане на домашниот пазар, но и да извезува.

„Феникс енерџи“ на 17 февруари официјално ја презеде „Сведмилк“ и наследи долг од речиси 39 милиони евра. Долгот спрема фармерите за откупеното, а неплатено млеко од август лани, изнесува околу 3,5 милиони евра. Тоа беше причината што фармерите во текот на февруари имаа повеќедневни протести и блокади пред „Сведмилк“ и на неколку патни правци.

(Во изработката на

текстот учествуваше и

нашиот дописник од Битола)


Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар

Од: Anastas
Датум: 27.02.2009 07:46:34
1.Ja kupija mlekarnicata za 38 miljoni a vredi 15 miljoni.Vo vreme koga mleko vo sosedstvo e poevtino od voda.I vo vreme koga NIKOJ ne investira ama bas NIKOJ 2.Nemat nikakva razvojna strateska strategija. 3.Jogurt SWIDMILK vo Makedonija e polno po 18 den lit.(da go krades ke bide poskap) 4.Isplatija 100 tina mlekari so parite od zaliha a drugite denes utre do izbori a posle odete U.P>M. I IMA uste luge koj im veruvat. Luge 1+1 =2 ne znam kako mozete da veruvate Gospod neka e so nas.

Најди! во Утрински
Економија
За продажбата на Топилница ќе се знае на 11 март
НБМ стега посилно - само добра плата за кредит
Штиглиц- Сегашната економска криза е произведена во САД
ЕВН со нова технологија за читање броила
ВМРО-ДПМНЕ предлага прохибицијата да почнува од 21 ч.
„Силмак“ запира, работниците на улица
Комерцијална со профит од 22,4 млн. евра
Пад на производството за 16,7 отсто
Источна Европа се бори со долгови
Семинари за деловно образование
Јавните набавки недоволно познати
На повидок нова гасна криза?