Кавасаки се повлече од Мото ГП
Кавасаки нема да учествува во годинашниот Светски шампионат во Мото ГП по одлуката на компанијата да ги намали трошоците во услови на глобална финансиска криза. „Тешка индустрија Кавасаки“ е последната јапонска жртва во мотоспортот по објавувањето на слични планови од три автомобилски компании од земјата на изгрејсонцето минатиот месец. Падот на светската економија беше причината за откажувањето од Формула 1 на Хонда, а Субару и Сузуки се повлекоа од СП во рели.
„Донесовме конечна одлука да не продолжиме во Мото ГП“, изјави Кацухиро Сато од Кавасаки. „Ова прашање го разгледувавме од средината на декември. Во сегашната економска клима и се' додека ситуацијата не се подобри тешко е да се каже дали ќе се вратиме“.
Кавасаки се натпреваруваше во најсилната мотоциклистичка класа од сезоната 2003, а годишниот буџет му беше околу четири милиони јени (43,8 милиони долари). |