Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Црна Гора последна проба пред СП

Со вечерашниот натпревар со Црна Гора од 18 ч. во салата „Борис Трајковски, за кој влезот ќе биде слободен, машката ракометна репрезентација на Македонија ја завршува серијата од пет контролни средби во пресрет на Светското првенство во Хрватска што ќе се одржи од 16 јануари до 1 февруари. Овој меч, како и синоќешниот со Саудиска Арабија, се дел од Божикниот турнир во Скопје, смислен во последен момент по барањето на Арапите в недела Црногорците и ним да им спарингуваат пред мундијалот. Македонија ќе се натпреварува во групата Ц во Вараждин, Саудиска Арабија е во Д-групата во Пореч, а Црна Гора не се квалификува за СП, останувајќи куса за само еден гол во баражот со Романија.

Недела за македонските репрезентативци ќе биде слободен ден, за веќе в понеделник да ги продолжат завршните подготовки во најголемата спортска сала во државава. Заминувањето за Вараждин е поместено за 15 јануари, а стартот на СП е два дена подоцна против Тунис. Во рамките на групата од прелиминарната фаза по тој следуваат дуелите и со Алжир, со Полска, со Германија и со Русија по тој редослед. Трите најдобри селекции продолжуваат во новоформирана група во Задар, а другите три ќе разигруваат за пласман од 13 до 24 место во Пореч и во Пула.

Полјаците загубија од Унгарија со 30:27 (16:16) на стартот од Новогодишниот турнир во чешкиот град Плзен. Унгарците на пет минути до крајот водеа и со 29:23, но Бартломјеј Јашка во финишот го ублажи поразот. Тој на оваа средба постигна четири гола, колку и Тлучински, Глински и Криштоф Лиевски, по три дадоа Марчин Лиевски и Јурецки, два Јурашик и по еден Бјелецки, Јуркиевич и Кучински. Избраниците на селекторот Богдан Вента синоќа требаше да се сретнат со Словачка, а денеска и со домаќинот Чешка.

Русија денеска игра со Египет на турнир во Франција, а веднаш по тој меч Алжир ќе се сретне со домаќинот. Тунижаните, пак, викендов учествуваат на „Трофеј Маран“ во Париз, каде што синоќа требаше да играат со вториот тим на Чешка, вечерва за противник ќе го имаат Катар, а утре ќе играат за пласман. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 230 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
Ал Атијах дисквалификуван од релито „Дакар“
Ѓорче Петров по сламката на спасот во Унгарија
Судбината на Вардар се' понеизвесна
Спарси до 15. победа во 18 меча
Фенербахче и Алба Берлин во „топ 16“ од Евролигата
Фудбалски вести
Кавасаки се повлече од Мото ГП
Професионализам со аматерски лик