Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Судбината на Вардар се' понеизвесна

Кој му дал право на некојси иницијативен одбор за спас на Вардар да одлучува за најважните работи во клубот

Миодраг Мицковиќ

Како што сега стојат работите, од најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар ќе остане само името. И ништо повеќе. Никогаш во богатата историја на фудбалската гордост на Македонија неговата судбина не била понеизвесна отколку последниве денови, особено по повлекувањето на главниот и единствен спонзор, семејството Костовски. Останаа попусти сите обиди на членовите на Иницијативниот одбор за спас на Вардар, не знаеме од кого тие го спасуваат, да го убедат Трифун Костовски да остане на чело на клубот и понатаму да го финансира.

По неколкуте испади и тешки инциденти што ги направија неговите навивачи, „Комити“, кога чашата беше прелеана по оној вандалски нивни напад на превојот Стража кога физички ги нападнаа и ограбија фудбалерите, Трифун Костовски деифнитивно кажа - збогум на Вардар и со право.

Клубот сега остана без спонзор, остана препуштен сам на себеси бидејќи во сегашната ситуација никој не сака да го прифати и да го спаси од најлошото, тотално да згасне.

Да, не грешиме, да згасне бидејќи во последниве денови што се' не прочитавме околу разни иницијативи за пронаоѓање на нови спонзори, но од тоа засега нема ништо. Ниту пак се наѕира некое решение.

Приказните дека Иницијативниот одбор за спас на Вардар, кој заедно со „Комитите“ има седум членови од 29 во Управниот одбор нема да се согласи, наводно според некој усвоен статут, Костовски да го напушти финансирањето на Вардар, се приказни за мали деца. Кој може да го принуди да вложува во Вардар ако тој не сака. Никој. Единствено Костовски се согласи на играчите и вработените да им ги исплати декемвриските плати и со тоа неговата куса одисеја завршува во Вардар.

Многумина очекуваат дека Орце Камчев сега ќе го биде на чело на Вардар, но барем засега, се' е тоа дел од шпекулациите кои се вртат околу неговото име.

Никој не сака да го преземе Вардар. Кој е тој што ќе вложи пари, друг да командува и да располага со нив. На последниве неколку вонредни Собранија, ниту едно не беше легитимно, премногу власт беше дадена на навивачите, тие се однесуваа како газди на Вардар иако во него немаат вложено ниту денар и тие се главната причина за се' она што последниве месеци се случуваше во клубот. Поради нив и Трифун Костовски си замина.

Нависитна ќе биде интересно да се постави прашањето што ќе стори сега Иницијативниот одбор за спас на Вардар на чие чело се наоѓаат адвокатот, поранешниот в.д. претсдател на клубот Ванчо Шехтански и претставникот на навивачите во овој одбор Бране Прелоговски. Кого сега тие ќе успеат да убедат да биде претседател и спонзор. Трифун Костовски дефинитивно си замина, Орце Камчев се' уште не се изјаснува околу целосното финансирање на вардар, сопственикот на белградакта фирма „Планет М“ Мишко Поповиќ мудро молчи, ја чека разврската бидејќи сигурно не сака во оваа хаотична состојба да влезе во Вардар.

А навивачите, тие што се прават газди на Вардар, тие бараат „жртва“ за да можат нешто и тие да ќарат во оваа ситуација како досега.

Дознаваме дека Шехтански сакал да се сретне со поранешниот спонзор на Вардар, Брацо Вујчиќ, околу неговото повторно враќање во клубот и извесно финансирање, но тој обид останал безуспешен. Јасно е зошто.

Во тек е судската расправа по тужбата на поранешниот претседател на Вардар, Атанас Костовски и спонзорот Брацо Вујчиќ околу враќањето на клубот на поранешните сопственици. Како што е познато Управниот суд на Македонија ја усвои жалбата на Вардар и целата процедура повторно ја врати на решавање во Основниот суд во Скопје. Доколку биде позитивно решена тужбата на Вардар и Атанас Костовски биде одново запишан како претседател во Централниот регистар како што се очекува до крајот на овој месец, тогаш навивачката група „Комити“ и тој одбор за спас на Вардар ќе немаат никакви ингеренции нешто да одлучуваат бидејќи на Собранието на 24 февруари минатата година кога Атанас Костовски беше реизбран за претседател, во Собранието на клубот од 29 члена „Комитите“ имаа само еден претставник кој за ништо не одлучуваше.

Од една ваква судска раврска страхуваат Шехтански и Прелоговски, бидејќи можат да им се помрсат сите сметки. Но и да не биде така, тие во сегашниот момент немаат никакво решение за иднината на Вардар. А тоа е најлошото.

И играчите се на милост и немилост на сите овие настани. Исписници веќе добија Жељко Ковачевиќ, Немања Милисављевиќ, Лазар Станишиќ, Драган Љубисављевиќ, Муса Али, Ивица Јовановиќ, Дино Најдоски, сигурно си заминува и Тони Мегленски.

Никој не знае кога ќе почнат подготовките, ниту дали Милко Ѓуровски ќе остане тренер, заедно со неговите помошници. Се спомнуваат многу имиња, но кој ќе може да донесе конечна одлука за сите овие проблеми, кога не се знае кој практично сега раководи со Вардар. А времето полека одминува разврската ја нема ниту на повидок.

Трифун Костовски: Вардар за мене е минато

Се' уште актуелниот претседател на Вардар, Трифун Костовски, вчера повторно потврди дека одлуката за разделба со Вардар е конечна со што ги демантира гласиштата по медиумите деновиве дека семејството Костовски ќе остане спонзор на „црвнео-црните“, но под едни нови, редифинирани услови за соработка.

„Враќање во Вардар нема. Клубот за мене е минато“, им порача Трифун Костовски на сите оние кои изминатиот период од петни жили се обидуваа да го наговорат да ја преиначи својата одлука и да остане на чело на вардаровата структура. Обиди за такво нешто имаше, но договор немаше.

„Во Управниот одбор на Вардар седат луѓе кои учествуваа во тепањето на играчите. Тоа што го направија е за секаква осуда и не може да се прости. Ме разубедуваа да останам, да го тргнеме настрана минатото, да заборавиме на сите непријатни ситуации што се случија по нашето преземање на клубот, но од тоа нема ништо“, заврши Костовски.


Статијата е прочитана 502 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 10.01.2009 02:59:08
Trifun Kostovski e 100% vo pravo vo vrska so negovata odluka da se povlece od Vardar kako sponzor zatoa sto kako sto stojat rabotite vo toj maten Vardar ima grupa luge sto manipuliraat a so toa konstantno mu nastetuvaat na Vardar.Poslednata manipulacija ja izvrsija preku PRAZNOGLAVCITE taka nareceni KOMITI.Trifun Kostovski e uspesen covek i inteligentna licnost toj imase zelba da mu pomogne na Vardar no vide deka vo ovaa prokletija kade sto gjavolot si ja zel rabotata vo svoi race nema fajda pa zatoa covekot i si zamina .Mislam deka daleko podobro ke bide gospodinot Trifun Kostovski da se vrati vo rakometniot klub Gorce Petrov zatoa sto devojkite sto igraat za toj klub gi poseduvaat site sportski i moralni osobini a i lugeto koi sto go rakovodat mislat i rabotat za dobroto na klubot Gorce Petrov.
Од: [email protected]
Датум: 10.01.2009 12:46:47
sto da ocekuvas od klub cii navivaci stanuvaat akcioneri vo nego i zelni za profit!!!!???Od taa bagra so se narekuva,,Komiti"i koi ne mozat 200 luge da soberat na zapad bi im poracal edno!Vaseto vreme pominuva kako so pominuva vremeto na site krvopijci vo Vardar.Podrzuvavte luge i upravi koi vas ,,vodacite"ve napravija da profitirate so malite deca koi gi vleckate so vas i na koi im dirigirate pesni napisani od vasite ,,predpostaveni"Sami znaete so napravivte vo Kicevo,i koj rucase so Borce Ristevski den pred toa gostuvanje!!!Vie ste obicni platenici,i nemate ni N od navivacka grupa.Jas ako resam utre za mojot Vardar ke soberam poveke luge na stadion od toa sto mozete vie da go napravite..NAVIVACI AKCIONERI!!!SPAS ZA VARDAR.C C C C C.APASKI URAGAN.SITE VIE TREBA DA ODITE VO ZABORAV .POZZ...NAPRED VARDAR.....VI SE BLIZI KRAJOT
Од: ДимоАго
Датум: 10.01.2009 15:46:20
Поздрав до новинарот Мицковиќ,како и до реален и Кристијан.За мене најголеми виновници се т.н навивачи.Кој им даде право да ги напаѓаат и крадат играчите,никој.Тие се обична багра хулигани кои немаат основно домашно воспитание и немаат ништо зедничко со фудбалот.Сепак јас би го искритикувал и потегот на Труфун кој дозволува група хулигани да му ги влијаат во неговите добри намери..Господине Трифун, вие сте му потребен на спортот,направивте многу за него,не се откажувајте од тоа што најдобро знаете да го работете.Како политичар и градоначалник не се покажавте,ама за сопртот сите едногласно ви честитаме.
Од: xexr
Датум: 11.01.2009 08:20:50
abe tie navivaci napraja pogolema steta od kolku neso arno so naprajle sekos se vada deka najbrojni bile najorganizirani bile pa i bez niv se moze netreba nekoj da naviva za timo da pobeduva. ako e dobar Vardar sama publikata ke si ide pa ne mora ni navivaci da naviva ni niso ke se napolni gradski bez niv. ama niv nekoj drug gi komanduva oti se praznoglavi

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
Ал Атијах дисквалификуван од релито „Дакар“
Ѓорче Петров по сламката на спасот во Унгарија
Црна Гора последна проба пред СП
Спарси до 15. победа во 18 меча
Фенербахче и Алба Берлин во „топ 16“ од Евролигата
Фудбалски вести
Кавасаки се повлече од Мото ГП
Професионализам со аматерски лик