Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

 

Лучијано Моџи во средата доби затвор, вчера амнестија

Иако судот во Рим му изрече 1,5 годишна затворска казна поради закани кон фудбалерите за време на преодниот рок во 2006 година, сепак, поранешниот извршен директор на италијанскиот прволигаш, Јувентус, Лучијано Моџи (71), нема да ја отслужи бидејќи е амнестиран од обвинувањата. Казна затвор во траење од 14 месеци тогаш доби и неговиот син Алесандро Моџи, но и тој е ослободен. Италијанската влада по новогодишните празници објави амнестија од затвор која опфаќа повеќе ид илјада осудени криминалци. Меѓу нив се најдоа и Лучијано и Алесандро Моџи.

Таткото и синот заедно влијаеја на трансфери на фудбалери во Италија преку приватната агенција ГЕА која беше во сопственост на Алесандро. Еден од директорите во истата агенција беше и обвинетиот син на селекторот на италијанскиот национален тим, Марчело Липи, Давид Липи, но судот не успеа ниту кај него да утврди вина по што реши да го ослободи.

Обвинителот бараше шест години затвор за Лучијано Моџи меѓутоа судот го ослободи од обвинувањата за злосторничко здружување. Го прогласи за виновен само за присила врз двајца фудбалери кои ги принудил да направат трабсфери преку ГЕА. Неговиот син Алесандро е виновен само за неправилности во работањето со агенцијата.

Инаку, Лучијано Моџи, доби петгодишна забрана за вршење на било каква работа во фудбалот по корупциската афера во 2006 година.

Зико на клупата на ЦСКА Москва



Бразилецот Зико е нов тренер на ЦСКА (М), а деновиве се очекува и негова официјална промоција во рускиот главен град. Тој веќе го раскина договорот со узбекистанскиот прволигаш Бунјодкор, а на клупата на ЦСКА ќе го наследи Валериј Газаев.

Во Шпанија почина 14-годишен фудбалер



Голема фудбалска трагедија во Шпанија. На тренинг на шпанскиот нисколигаш Оспиталитет, 14 годишно момче падна во несвест и следниот ден почина во локалната болница.

Момчето е идентификувано како Ј.Д., играч на Ел Прато крај Барселона, кој му е придружи на Оспиталитет во 2007 година. Инцидентот се случи пред самиот крај на тренингот во средата и се' уште не се познати причини за губење на свеста и смртта што настапи 24 часа подоцна. Болничките прегледи не октрија никакви срцеви пореметувања, а докторите се сомневаат на т.н. изненадна срцева аритмија. Погребот на младото момче беше вчера попладне, а Оспиталитет ги одложи сите натпревари што беа закажани за овој викенд.

Манчестер Ј. купи фудбалер од Стоук што не играл една и пол година!



Менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, е автор на најбизарниот трансфер на Островот во зимскиот преоден рок. На „Олд Трафорд“ го доведе Белгиецот Ричи де Лает (20) од Стоук Сити кој не одигра ниту еден натпревар за својот тим по последните 18 месеци.

Младиот дефанзивец пристигна во Стоук Сити во август во 2007 година за 100.000 фунти, но до вчера не одигра ниту еден меч за новиот англиски премиерлигаш. Во последната 1,5 година Де Лает настапи во само три официјални меча и тоа како позајмен играч во нисколигашот Врексам.


Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
Ал Атијах дисквалификуван од релито „Дакар“
Ѓорче Петров по сламката на спасот во Унгарија
Црна Гора последна проба пред СП
Судбината на Вардар се' понеизвесна
Спарси до 15. победа во 18 меча
Фенербахче и Алба Берлин во „топ 16“ од Евролигата
Кавасаки се повлече од Мото ГП
Професионализам со аматерски лик