Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Опозицијата на паралелен парламент дискутираше за власта

Експресното носење на законите, Деловникот, спектакуларните апсења и, како што рекоа, играњето со опозицијата како со пластелин, беа главните поенти од трибината „Демократија, демократура, диктатура“, што ја организира опозицијата непосредно пред одржување на седницата за избор на Владата. Со ова опозициските партии јавно и' порачаа на власта дека таа не го напуштила парламентот и оти единствено таму треба да има дебата.

„Груевски во кампањата ни кажа - опозицијата може да биде каде било, вклучително и на улица, ама само да не биде во парламентот. Оваа работа ја кажа и единствено не излажа. Секој ден власта, Владата, институциите, полицијата, со секој чекор сакаат да ја избркаат опозицијата надвор. Зошто власта одлучи да ја брка опозицијата од парламентот. Кој е тој страв, кој е тој проблем што треба да се реши со усвојување на Деловникот“, праша Радмила Шекеринска од СДСМ.

Според Стојан Андов, новиот Деловникот ги скратува правата на опозицијата, додека лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски, оцени дека ВМРО-ДПМНЕ смислено ја избркала опозицијата од Собранието и побара од премиерот Никола Груевски да го обелодени договорот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На трибината учествуваа и претставници од невладиниот сектор кои обвинија дека за оваа Влада дијалог значи кога посилниот зборува, а другите слушаат и исполнуваат, со што се наметнува атмосфера на страв. Организаторите на трибината, како дел од диктаторското однесување го оценија и недозволувањето на претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, трибината да ја одржат во една од собраниските сали. Им било речено дека таму требало да се одржи координација на ВМРО-ДПМНЕ, но Шекеринска, која за време на трибината проверуваше, рече дека до крајот оваа сала останала празна и заклучена. (Св.У.)


Статијата е прочитана 312 пати.

Испрати коментар

Од: kontra argument
Датум: 28.07.2008 01:48:34
Demokratsko pravo e na opozicijata da izbere nacin za politicko deluvanje. Sepak imam vecatok deka odlucile celiot mandat da si go potrosat vo nekakvo paraleleno (samo nivno) sobranie, na koe ke si zboruvaat samite sebe si. Za primanjata koi im se zagarantirani mora nesto da rabotat, zar ne . Steta, budzetskite pari za nivnite plati narednite 4 godini, mozea da se iskoristat za nesto korisno za drzavata i narodot. Vaka ispadja site sme gubitnici osven tie - "paralenite" parlamentarci.
Од: Maja
Датум: 28.07.2008 10:57:40
Opozicijo vreme e da gi simnete skapite kostumi i vratovrski i da oblecete patiki i trenerki i da bidete so narodot. Sega ste im najpotrebni na narodot. Ima vreme za raspravi, debati i tribini, sega treba neposreden razgovor. Od utre da ve vidi narodot na teren medju niv za da znae deka ne e sam vo ova ludlo. Narodot toa go ocekuva od vas, a i go zasluzuva.
Од: V.Kosteski Bitola
Датум: 28.07.2008 14:19:48
Na vakva opozicija ne i mestoto vo parlamentot. Slobodno mozat da go prezemat mestoto sto go oslobodija stecajcite vo parkot. Na 1.juni narodot im kaza kolku vredat ,kolku im veruva i kade im e mestoto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Ташковиќ предаде во употреба фабрика со 10 работници
Зоран Крстевски паралелен претседател на ЛП!
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Груевски утре ќе го посети Тарчуловски
Мнозинството го протурка и Законот за јазиците
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Владата ќе расправа за поскапување на струјата
Стечајците ги тргнаа шаторите од паркот „Жена борец“ во Скопје
За ветените пари стечајците ќе мора да обезбедат куп документи