Број 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Мнозинството го протурка и Законот за јазиците

Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Законот е најголемо предавство на интересите на Албанците во Македонија

Светлана Унковска

На речиси идентичен начин како и со Деловникот, во петокот околу 18 часот без никаква најава, ненадејно на дневен ред се најде Законот за употреба на јазиците, коај го усвоија пратениците без да ја знаат неговата содржина. Она што го бараа партиите на Албанците за претседавање со собраниските комисии на албански јазик е усвоено, а покрај ова, унапредување на користењето има и во министерствата, како и во другите државни институции. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го бранат усвојувањето на овој Закон, додека опозициските СДСМ и ДПА го критикуваат не само начинот на донесување, туку и самиот закон.

Најгласен беше лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за кого ова претставува најголемо предавство на интересите на Албанците во Македонија. „Ако војводата Али Ахмети сака да разбере што е тоа службена употреба, нека појде во Косово да види како таму е регулирана употребата на српскиот јазик. Вака се сведува како служење со албанскиот јазик на исто ниво како во Јапонија, Кина или Сингапур“, рече Тачи. Според него, нема ништо од ветувањата на Ахмети дека јазикот ќе се употребува во Владата, дека Албанците во судството ќе имаат право да се бранат на мајчин јазик, како и да го употребуваат во полицијата и во војската.

Ваквите обвинувања не сакаше да ги коментира лидерот на ДУИ, Ахмети, кој му забележа на Тачи дека тој додека бил во власта ја пропуштил шансата да го донесе законот. „Се' што е постигнато со Законот за употреба на албанскиот јазик е во духот на Рамковниот договор и има уставна основа“, одговара Ахмети на прашањето зошто се согласил на ваков компромис, иако ДУИ претходно бараше повисока употреба на албанскиот јазик и издигнување на ниво на втор службен јазик. Тој уверува и дека за негово донесување имало единство во партијата и дека сите пратеници гласале за законот.

За начинот на донесувањето на Законот реагираше и Радмила Шекеринска од СДСМ. „Власта ја избрка опозиција за да може во новопоставениот термин, петок попладне, со светлосна брзина да ги донесува најтешките и најважни закони како што се Деловникот и Законот за јазиците“, рече таа, додавајќи дека, сепак, го поздравува изгласувањето на Законот, со забелешка дека Груевски тоа можел да го стори и пред две години.

Некои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека биле изненадени и воопшто не знаеле дека се подготвува носење на законот. Според усвоениот Закон за употреба на јазиците, кој беше и предмет на дијалог на лидерските средби, јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, покрај во Собранието, ќе се употребува и во комуникација на граѓаните со министерствата, со народниот правобранител, во судските и во управните постапки, во извршување на санкциите, при изборниот процес и референдум, при издавање лични документи, водење матична евиденција, примена на полициски овластувања и во други области.

Досегашното барање од партиите на Албанците, покрај за дискусии, право за користење да имаат и при водењето на собраниските комисии се исполнува, а истовремено и собраниските материјали ќе бидат двојазични. Ваквата одредба ќе значи и многу поголеми трошоци за државата, бидејќи ќе бидат потребни нови вработувања, а дополнително оптоварување за буџетот ќе биде и проширувањето на употребата на албанскиот јазик и при комуникацијата со министерствата. Ќе се јави потреба и за нови вработувања во полицијата затоа што новина е тоа што при примена на полициски овластувања службеното лице мора да му се обрати на неговиот мајчин јазик. Така, при апсење на криминалците, полицаецот ќе мора на неговиот мајчин јазик да му ги каже причините за приведувањето.

 


#
Статијата е прочитана 1070 пати.

Испрати коментар

Од: Alex
Датум: 28.07.2008 03:06:37
Vlasta ne ja izbrka opozicijata od parlamentot- Sekerinska-paradoksot e sto vie samite go dezertiravte parlamentot i seuste barate nadomest za plata.Koja bruka i neviden sram!Svestete se raznebituvachi na Makedonskoto stopanstvo,narod i imot-narodot ne ve saka povekje.NE PRODADOVTE I PREDADOVTE KAKO NAROD I NACIJA.Vie ke bidete zapusani vo knigata na zaboravot kako najobicni LUZERI.
Од: RR: Ne e prv pat
Датум: 28.07.2008 09:25:40
Tretmanot na pratenicite od DPMNE od strana na nivniot Firer ne e nishto porazlichen od vremeto na Ljupcho.Isto se sluchi i so verifikacijata na vladinata odluka za prodazhba na OKTA,za koja ne go ni vidoa tekstot i sodrzhinata.Ako ne beshe zasegnat Mamidakis do den denes nemashe da se znaat pogubnite klauzuli za ekskluzivitetot i shtetite shto i se napraveija na Makedonija.Koga na Grujo ne mu prechi da vladee centralistichki vo partijata,zoshto bi mu prechelo na shto gi sveduva tie shto se srekjni za pratenichkoto mesto koe im odredi da go zazemat.Od site dosega doneseni zakoni ,so spushtanje i diganje raka kako avtomatska rampa ,ni samite ne znaat shto izglasale.Narodot ne treba da znae.Ne e negova rabota da misli dali i kako kje mu bide trasirana idninata"Rabotliviot "Premier i Vlada kje mu soopshtat preku Sluzhben vesnik kolku mnogu se grizhat za toa.Zatoa,ne mislete,ostavete go slobodno mozokot da pase i ochekuvajte da voskliknat od radost kolku vi e prekrasno mazen i nepotroshen.
Од: goran
Датум: 28.07.2008 09:56:27
Sto sakate poveke od edna vaka partizirana raketarska fasisticka vlada se dojde vremeto koga vladeese Ljupco partizacija raketarstvo siromastija se e bez kompas odisi fasistu za voa li glasav me.Nedozreani vo sekakva smisla bez kompas ke ja rasturat sekoja peda od makedonija.
Од: D.V
Датум: 28.07.2008 11:17:16
A ,sto mozese SDSM da pravi vo Sobranieto; da "chuchi" i da sluzi samo kako dekor vo salata, igrajki uloga na demokratski Parlament? Ako taka napravese, ne samo sto ke se ponizese samata sebe,tuku ke bea ponizeni i glsacite koi im go izglasaa doverieto. SDSM,znaat sot pravat,vistina ke im trebe mnogu vreme za da bidat razbrani i od ostanatite glasaci,no ,ke bide i toa. Samo ,sto ke bide do togaj so Makedonija i so nejziniot narid? Samo da bideme zivi i so zdravi nervi,pa ke vidime...
Од: srebre
Датум: 28.07.2008 11:32:15
ova mi lici kako vmro namerno da saka da ja unisti mak sto poskooro so zabrzan proces...pa kade e mak ako na albanec policaec ili bilo koj javen faktor nesmee da mu se obrati na makedonski?????pa toa li e mak??????i do sega vrabotuvaa samo albanci a sega vo tie opstini makedonec nema drug izlez tuku da se iseluva...neli e ova probugarska politiojka na vmro?????????
Од: karamanlis
Датум: 28.07.2008 14:54:57
Ali Ahmeti i negovata druzina se Sejdo Bajraqmivik i Rahman Morina vo Makedonija. Ke zavrsat kako otpadnici na albanskiot narod. Ne moze so statusot na albancite da bide pod nivoto na ustaqvot od SFRJ mod 1974 g. Ali Ahmeti i negovite sarlatani znaat posle ova sto zasluzuvaat. Ne sum partiski opredelen no A. A. definitivno vleguva kvo grupata na Sejdo Bajramiovik, Ali Sukrija id. otpadnici. A ti Srebre ne se sekiraj albanskiot policaec ti yboruval i ke4 ti zboruva na sekoj jayik sto go znae pa i na makedonski, serbski, turski. Albancite ne patat ot tie predrasudu, toa vie svojtstveno samo na vas iskopleksirani zatoa sto nemate korenja, viee ste kaki imela.

Најди! во Утрински
Политика
Ташковиќ предаде во употреба фабрика со 10 работници
Зоран Крстевски паралелен претседател на ЛП!
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Груевски утре ќе го посети Тарчуловски
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Владата ќе расправа за поскапување на струјата
Опозицијата на паралелен парламент дискутираше за власта
Стечајците ги тргнаа шаторите од паркот „Жена борец“ во Скопје
За ветените пари стечајците ќе мора да обезбедат куп документи

"""