Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Владата ќе расправа за поскапување на струјата

Македонските домаќинства плаќаат по 50 евра за мегават-час, а во околните земји тој не е помалку од 70 евра

Александрија Стевковска

Станува се' поизвесно дека струјата ќе поскапи. Тоа најверојатно ќе се случи до крајот на годинава, а можно е и порано. Зголемувањето на цената на струјата го потврди и министерот за финансии, на кого оваа неопходност му ја сугерирал шефот на Мисијата на ММФ, Марк Грифитс, кој деновиве престојува во земјава во неофицијална посета. Ова не е првапат ММФ да и' сугерира на владата да ја коригира цената на струјата, која според нив е најниска во регионот и се наоѓа на социјално ниво, а поради парите што се одлеваат за увоз на скапа струја директно се влијае врз зголемување на трговскиот дефицит, кој надмина милијарда долари. Поради гласните препораки за поскапување на струјата, Славески најави дека за ова прашање ќе се разговара и на владина седница. „Владата се' уште не расправала за зголемување на цената на струја, но ова прашање може да се најде на дневен ред“, најави министерот за финансии.

Високиот трговски дефицит предизвикан најмногу од скапиот увоз на струја е клучното прашање за кое деновиве шефот на Мисијата на ММФ се интересира и ја скенира економската ситуација во земјава. Според него, потребни се длабоки реформи во енергетскиот сектор, како и инвестиции во него, бидејќи станува збор за важен сектор. „За земјава се важни неколку работи: увозот на енергија и ефектот врз трговскиот дефицит, како и фискалните трошоци. Имате цени што се многу пониски од оние во регионот, а тоа државата ја чини пари. Треба да работи на коригирање на овие два проблема Вашите цени се помали од оние во регионот, а евтините репроматеријали, како што е јагленот, еден ден ќе се потрошат, што значи дека цените ќе мора да се зголемат“, изјави Грифитс. За Грифитс енергетиката е клуч за трговскиот дефицит, но и за фискалниот дефицит и инфлацијата.

Големите потрошувачи сами си ја купуваат струјата на пазарот, но земјава продолжи да увезува огромни количества струја, што годинава ја чинеше околу 100 милиони евра. За цената на струјата одлучува независната Регулаторна комисија за енергетика по барање на енергетските компании.

Од ЕВН веќе најавија дека до крајот на годинава ќе побараат нова корекција, но не прецизираа за колку. Државните ЕЛЕМ и МЕПСО велат дека досега не разговарале за б��рање да се зголеми цената на електричната енергија. Пред две години струјата поскапе за 10 проценти, оттогаш, и покрај растот на цената во регионот и во светот, во Македонија немаше ново зголемување. Струјата секаде во регионот поскапува, како резултат на намалените количества произведена електрична енергија во цела Европа, од една страна, и зголемената побарувачка на струја, од друга страна, што предизвикува постојан раст на нејзината цена.

Според податоците, Македонија има најниска цена на струјата во регионот од 50 евра за мегават-час за домаќинството, додека во сите околните земји, како што се Бугарија, Албанија и Србија домаќинствата струјата ја плаќаат по минимум 70 евра за мегават. Во Хрватска еден мегават се плаќа по 80 евра, а во Словенија над 90 евра. Цените на струјата за производствените капацитети се многу повисоки.

Енергетските експерти сметаат дека реалната цена на струјата во земјава треба да е за 50 проценти повисока, за да обезбеди профитабилно работење на компаниите. Експертите постојано потсетуваат дека домашната цена е нереална и пониска отколку онаа во регионот, дека треба да се симне од „социјалното ниво“ на кое се позиционира подолго време, но енергетски компании, како и Владата, досега не покажуваа подготвеност за таков чекор. Се најавува дека состојбите за компаниите ќе се променат со донесувањето на новиот тарифник за пресметка на цената на струјата во почетокот на 2009 година. Со него РКЕ ќе ги признава вкупните трошоци за услуга, дистрибуција и снабдување со струја. За да може се задржи цената на ова ниво уште извесно време, според експерти, потребно е помалите индустриски потрошувачи, исто како и големите, да се пуштат сами на пазарот да си купуваат енергија, со што ќе се намалат увозните количества струја, а со тоа и сумата за нејзино купување од странство.

 


Статијата е прочитана 385 пати.

Испрати коментар

Од: набљудувач
Датум: 28.07.2008 09:14:47
Што се промени во последните 2 - 3 месеци, па сега да се зборува за зголемување на цената? Сега и експертите ќе се осилат, за да и` помогнат на владата во донесувањето на одлука. Што ли не` очекува со следните чекори на владата? На здравје бричење на суво!
Од: dalibor
Датум: 28.07.2008 11:31:51
a koga ke pocnat da zboruvaat za pokacuvanje na platite....ne stavaat vo ist kos so hrvatska i slovenija kade sto prosecna plata iznesuva po 1000EUR.....e makedonce makedonce....do koga ke bide udri po grbot na siromasnite
Од: граѓанин-ох
Датум: 28.07.2008 12:24:48
A зошто никој не ни каже какви се нашите плати во споредба со регионот.Сметам дека треба да се вложува во изградба на нови производствени капацитети,како би се зголемило домашното производство на струја,и зошто владата не ја прифати понудата од Бугарија за партнерско учество на Македонија во изградбата на нуклеарката мислам *Белене *дека беше со што ќе се решеше проблемот со скапа увозна струја за подолг период.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Ташковиќ предаде во употреба фабрика со 10 работници
Зоран Крстевски паралелен претседател на ЛП!
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Груевски утре ќе го посети Тарчуловски
Мнозинството го протурка и Законот за јазиците
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Опозицијата на паралелен парламент дискутираше за власта
Стечајците ги тргнаа шаторите од паркот „Жена борец“ во Скопје
За ветените пари стечајците ќе мора да обезбедат куп документи