Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Стечајците ги тргнаа шаторите од паркот „Жена борец“ во Скопје

Стечајните работници со над 25 години работен стаж заедно со претседателот на Владата Никола Груевски денеска ги тргнаа шаторите од паркот „Жена борец“ по 17 месеци мирно протестирање спроти македонското Собрание.

Груевски, придружуван од министерот за финансии Трајко Славески и вицепремиерот Зоран Ставрески, се сретна со стечајните работници во паркот откако на 14 јули Собранието го усвои Законот за нивно обезбедување, како што им вети во мај годинава.

- Законот експресно се донесе. Сега се подготвуваат сите детали за да стапи во сила и луѓето да можат да ги земаат средствата, изјави премиерот. Груевски рече дека сега останува да се соберат списоците со имињата на оние што имаат право на надоместок според Законот и оти Министерството за финансии ќе помогне во тоа.

- Среќен сум што конечно ова завршува по 17 месеци поминати под овие шатори и што се враќаме кај нашите семејства, и оти тоа што беше ветено од премиерот е исполнето, изјави Стојан Стојанов, претседател на Здружението. Тој им се заблагодари на сите граѓани и на црквата „Света Петка“ што во изминатите месеци им помогнаа да истраат во својата намера.

Во паркот „Жена борец“ Груевски заедно со Стојанов и другите стечајци исто така симболично засадија две дрвца. (МИА)




Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Ташковиќ предаде во употреба фабрика со 10 работници
Зоран Крстевски паралелен претседател на ЛП!
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Груевски утре ќе го посети Тарчуловски
Мнозинството го протурка и Законот за јазиците
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Владата ќе расправа за поскапување на струјата
Опозицијата на паралелен парламент дискутираше за власта
За ветените пари стечајците ќе мора да обезбедат куп документи