Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

За ветените пари стечајците ќе мора да обезбедат куп документи

За да ја пополонат пријавата со која Владата ќе им ги исплати ветените 5.000 денари, стечајците ќе мора да обезбедат куп документи. Постапката ја сметаат за комплицирана, бидејќи дел од нив и не ќе можат да ги обезбедат бараните документи. Тешко е да се обезбеди од некогашниот памучен комбинат „Македонка“ решение за престанок на работен однос.

„Се сомневаме дека архивата на ваков гигант воопшто е зачувана во целост“ сметаат стечајците, или обезбедување потврда за примени испратнини. Вакви и слични примери можно е сегашната бројка од 6.000 стечајци во Македонија да ја преполоват.

Да се дојде до парите, значи повеќе од половината однапред да се потрошат за обезбедување грст решенија и потврди. Стечајците на средбата со надлежните од Агенцијата за вработување реагираа на листата со потребни документи и упатства. За административците нема ништо комплицирано. Трошокот за бараните документи е еднократен, а законот јасен.

Здружението на стечајците се солидаризира со оние кои по било која основа ќе се најдат под црвената линија и не ќе можат да ја комплетираат пријавата за добивање пари.

Рокот за достава на пријавата со бараните документи до Агенцијата за вработување е 21 август. (Нетпрес)


Статијата е прочитана 236 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Ташковиќ предаде во употреба фабрика со 10 работници
Зоран Крстевски паралелен претседател на ЛП!
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Груевски утре ќе го посети Тарчуловски
Мнозинството го протурка и Законот за јазиците
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Владата ќе расправа за поскапување на струјата
Опозицијата на паралелен парламент дискутираше за власта
Стечајците ги тргнаа шаторите од паркот „Жена борец“ во Скопје