Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Деца за невести поради сушата

ХАБАСВЕИН – „Тоа се прави во темнина“, вели Фатума Ахмед, чучнувајќи внатре во своето импровизирано засолниште од прачки. „Некои луѓе си ги продаваат ќерките на млада возраст за да добијат храна. Тоа е вообичаено но луѓето молчат за тоа“.

Долгата суша во северниот дел на Кенија принуди многу семејства, како тоа на вдовицата Ахмед и нејзините седум деца, да одат кон предградијата каде што имаат поголеми шанси да добијат храна и вода.

Хуманитарната помош е недоволна и луѓето прибегнуваат кон очајни стратегии. Во Кенија незаконски е да се стапи во брак на возраст помала од 18 години – па за феноменот „невести поради сушата“ само се шепоти. Браковите со деца не е невообичаена појава во овој дел од светот. Многу сточарски заедници, како што се Сомалијците во Хабасвеин, веруваат дека е од големо значење да ги омажат своите девојчиња кога тие се млади за нивната чест или невиност да биде зачувана.

Жените кои нема да се омажат на млади години се смета дека имаат некаква мана и се товар за семејството.

„Во нашата култура девојките се мажат дури на деветгодишна возраст“, вели еден здравствен работник на локалната заедница. „Таа е принудена да се омажи за некого иако не сака. Тие се принудени од нивните родители“. Меѓу сточарските заедници „миразот“, во овој случај цената за невестата традиционално се дава на семејството на невестата во форма на добиток. „Луѓето се венчаваат кога имаат мираз да платат и се' е во големи количини“, вели Абди Исак, локален хуманитарен работник. „Кога тука е зелено, животните може да пијат вода. Тоа може да се види од лицата на луѓето. Нивните лица светат, бидејќи имаат доволно храна во нивните домови“.

Но, повеќето животни пцовисаа поради сушата која погоди околу 10 милиони луѓе во Рогот на Африка. Мршите на животните доминираат на пустинскиот пејзаж. Сега младите девојки се продаваат, според локалните жители, за само 15.000 кениски шилинзи (168 долари). „Ако тој е богат, цената може да достигне и до 50.000 шилинзи (559 долари)“, вели Ахмед.

Гладот ја поттикнува размената. „Мајка ќе ја извади својата 14-годишна ќерка од училиште и ќе ја продаде на маж – дури и на постар маж – за да добие пари за да им обезбеди храна на другите деца“, вели локалниот старешина. „Некои домаќинства имаат и по 10 деца и обезбедувањето храна за тие деца е навистина тешко“.

Запишувањето во неговото локално основно училиште опадна на 210 деца од претходните 350 откако минатата година почна сушата. „Над стотина се преселени поради гладот“, вели тој. Според ОН, само секое петто девојче во североисточната провинција оди на училиште.

Хуманитарната агенција „Светска визија“ не може да најде 400 од 3.060 деца што ги спонзорира во областа. Некои се испратени да живеат со подобро ситуираните роднини кои може да ги прехранат. Некои работат како куќни помошнички или во киосци за храна. Но, други ги мажат „само за да се осигураат дека остатокот од семејството нема да умре од недостиг од храна“, вели Џејкоб Алему, менаџер на локалната програма на „Светска визија“. (ТрастЛо)


#
Статијата е прочитана 787 пати.

Испрати коментар

Од: zabrinuta
Датум: 05.08.2011 12:40:22
Izgovorot "mazat" e neprihvatliv, po dobro da e "usvoeni" adopted. Mazena deca se svoina so teror. Tie deca da se pronajdat.
Од: !!!
Датум: 05.08.2011 15:01:26
Zalosno!Sheicite od S.Arabija vozat zlatni avtomobili,pozlateni avioni i se kolnat deka se mnogu golemi vernici.Ne deka hristijanskata religija e nekoe cveke za mirisanje,ama pak ke soberat nekoja paricka za ovie macenici.Sto e so muslimanite?Sto e so bogatite arapi?Sepak "rogot na Afrika" nivno sosedstvo.Ili pak tie davaat samo pari za izgradba na sto povisoki minarinja?
Од: usa
Датум: 05.08.2011 23:19:58
pa koj i da e i da ima dest deca ke zazee od glad, od koga pamtam se sobiraat pari za gladnite vo afrika, treba da ne ragaat tolku mnogu. treba da se soberat pari za maziste da se steriliziraat. sramota deca nevesti na 9 godini.vo normalnite zemji tie sto ke maltretiraat mali deca se vikaat pedofili

Најди! во Утрински
Свет
Обама наполни 50
Медитеранот стана масовна гробница
Најскапата куќа на светот – дивоградба
Нови луѓе во турскиот Генералштаб
Соња Ганди на операција во САД
Дачиќ

"""