Обама наполни 50
Ејми Дикинсон
Како и повеќето луѓе, го фотографирав претседателот Обама како го прославува својот роденден на „претседателски“ начин - со почесен плотун од 21 истрел и парада, по што следуваше коктел со пијалаци и цигари во Роуз гарден.
Никогаш не замислував дека тој ќе го прославува 50. роденден како што го прославив јас неодамна - по малку лудо и задолжувајќи се на мојата кредитна картичка, трошејќи како да нема утре. А сепак, претседателот Обама го направи речиси истото тоа (иако на многу поголемо ниво).
Можеби препирањата на претседателот околу плафонот на задолженост навистина е само глобален израз на познатиот феномен што го носи овој голем роденден, при што изгледите за полнење 50 години поттикнува лудило, по што следува замисленост, проследена со намалена способност да се задржи алкохолот.
Ако претседателот Обама побара совет од мене за оваа средовечна пресвртница (еднаш ми рече дека ја чита мојата колумна), би посочил дека на 50 години, кога секој ден го започнувате гледајќи ги вашите родители како зјапаат во вас во огледалото во бањата, вистинскиот подарок е дека сте принудени да мислите на неизбежната, неминовната вистина - дека најсреќните од нас ќе побегнат од средовечната доба во старост.
Идејата е да се направи најмалата штета додека стигнеме таму. И, во тој поглед, и покрај историските предизвици со кои се соочува Барак Обама според тоа кој е тој на овој ден и во ова време, би рекол дека има причина да прославува.
Додека полнењето 40 години означува вистински крај на адолесценција и за многу луѓе „официјален“ старт на зрелата доба, полнењето 50 години е запчеста пресвртница на средовечниот живот. На 50 години го затворате детството во далечното минато и знаете со наполна сигурност дека патот пред вас се скусува, како што се туркавте да го дочекате. Педесеттите го принудуваат човек да го мине прагот во добата на иронија. Според повеќето индикатори, еден 50-годишник е во кулминацијата на неговата моќ - професионално и лично.
Најдоброто нешто да се биде на 50 години е чувството дека сте се приклучиле во редовите на пораснатите. Чувството дека знаете кој сте и што сакате. Сте созреале над фазата на речиси константна зачуденост дека секој ви дозволува да бидете одговорен за се'.
(Авторката е колумнист на Би-Би-Си) |