Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Нови луѓе во турскиот Генералштаб

Анкара - Турскиот претседател Абдула Ѓул го одобри вчера назначувањето на генералот Неџет Јозел за началник на Генералштабот на турската армија.

Неговиот претходник генерал Јашак Кошанер поднесе оставка минатата недела заедно со командантите на копнените, воено-поморските и воздухопловните сили.

Генерал Јозел претходно беше началник на жандармеријата.

Претседателот денеска, исто така, го одобри и назначувањето на новите ��оманданти на копнените, воено-поморските и воздухопловните сили.

Согласно со одлуките на Високиот воен совет, кои беа одобрени од Ѓул, генералот Хајри Кавракоглу ќе биде командант на копнените сили, адмиралот Емин Мурат Билгел ќе командува во воено-поморските сили, а генералот Мехмет Ертен ќе биде командант на воздухопловните сили. Со жандармеријата ќе раководи генералот Бекир Калонџу. 

Оставките на военото раководство минатата недела го нарушија традиционалниот сооднос во Турција меѓу оние што го штитат секуларниот карактер на државата и владејачката Партија на правдата и развојот, која има исламистички корени.

Вкупно 250 офицери, меѓу кои 14 генерали и адмирали, се наоѓаат моментно в затвор во рамки на истрагата за изготвување различни заговори за соборување на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.


#
Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама наполни 50
Медитеранот стана масовна гробница
Најскапата куќа на светот – дивоградба
Соња Ганди на операција во САД
Деца за невести поради сушата
Дачиќ

"""