|
|
|
|
|
|
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
БИТОЛА - Поранешниот генерален директор на РЕК „Битола“ и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Сугаревски, од затвор пак се врати на работа во РЕК. Сугаревски се сместил во рудникот Суводол преку Агенција за вработување и очекува наскоро пак да биде на платен список на комбинатот.
Ексдиректорот на РЕК-от, иако беше осомничен за злоупотреба на службената должност додека директоруваше со комбинатот, затвор издржа само за измама во службата. Како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, тој фалсификувал сметки дека на собраниски седници оди со приватно возило, а всушност патувал со службениот автомобил. На тој начин ги довел во заблуда стручните служби на Собранието. Парламентот во периодот од 1999 до 2002 година незаконски му исплатил над 378 илјади денари. Судот наложи Сугаревски да ги врати злоупотребените средства. Враќањето на работа во РЕК вчера го потврди и самиот Сугаревски.
„Одлежав шест месеци и 17 дена в затвор за парите од парламентот. Се' друго што ми ставија на грб дека сум ја злоупотребил службата додека сум бил директор на комбинатот, не беше вистина. И тогаш и сега тврдам дека тоа беше монтиран процес врз мене. Не знам зошто толку ве интересира ова, а никој не сакаше да напише дека додека јас бев директор на РЕК имав невидени резултати и успеси. Ако некој ги постигне тие резултати, јас ќе рипнам од оџакот на РЕК“, рече Сугаревски.
Судскиот процес против Сугаревски и неговите соработници со години се водеше пред судовите во Битола. Едно од најсилните обвиненија против Сугаревски, кое падна во вода, беше дека како прв човек на РЕК „Битола“ ја оштетил државата за 1.600.00 денари со тоа што, наводно, ја злоупотребил службената положба и на тендер за ископ на 800.000 квадратни метри јаловина и покрај тоа што имало и други понуди избрал фирми без бонитет. За оваа зделка, наводно, Сугаревски добил како поткуп ,,ауди А4“, вреден еден милиони денари. (А.Б.) |
#
|
Статијата е прочитана 2603 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 30.11.2010 13:08:19 |
|
Ако де муго чувале работното место. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vasko |
Датум: 30.11.2010 14:32:02 |
|
Pocnavte i samite da ne si veruvate vo ogledalo ko ke kazite sami na sebe deka ste nevini! Izgradivte po nekolku kukji,kupivte "dzipovi so kolce od pozadi" za sinovite da vozat,AUDI 4 i sto uste ne za eden sobraniski mandat! Epa bravo be i sekoja cest,ama kolku zarabotuvavte be za da go napravite toa?Pa nie obicnite gragjani vo eden zivoten vek kompletno ne mozime ni eden stan da kupime, a ne pak nekolku kukji i koli,pa i uste da gi nabildame bankarskite smetki so plus nesto za crne dane! A da...REK cuteshe togash.tenderi frceja, mrsulkovci preku nok se napravija bogatashi i toa debeli! Odlicno ste rabotele, ama i ste se ofajdile debelo!Sekoja cest! |
|
|
|
|
|
|
Од: NikoLa |
Датум: 30.11.2010 14:51:52 |
|
Зошто луѓе кој очигледно се арамии, штетници, и нема никаква корист од нив повторно се враќаат. Сугаревски е веќе прочитана книга која нема ништо ново да понуди, од него може да се очекува само пропаст... апсолутно сум против ова!
поздрав! |
|
|
|
|
|
|
Од: Благоја |
Датум: 30.11.2010 15:06:54 |
|
Рипај,батка,од кој сакаш оџак,зашто твоите достигања,како и оние на Коњановски,навистина се не-видени,невидливи,освен оние кои значат катастрофа.Само,зошто и тебе не те ставија министер туку те враќаат назад,или наскоро и тоа ќе биде,доколку потрае оваа наша „влада“? |
|
|
|
|
|
|
Од: ЗОКИ |
Датум: 30.11.2010 17:41:46 |
|
Зошто мисли дека сам ги постигна успесите во коминатот,адругите сите вработени не одеа на работа?Него од затвор на работа,а младите инг.нека ги мерат улиците низ Битола! |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 30.11.2010 18:21:35 |
|
Bravo bre Vlado...... bujrum vo REKO da si ja prodolzis finansiskata fiskultura....... samo si del od istomislenicite na Grujo i Familijata........ |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Prijatel |
Датум: 30.11.2010 21:18:28 |
|
Pa uvek kriminalcite se vrajka na kriminalnoto Mesto........... |
|
|
|
|
|
|
Од: bf |
Датум: 30.11.2010 22:57:05 |
|
toj n e kriv tolku.znaj ama kosta so go primi treba da plati |
|
|
|
|
|
|
Од: Kade e Ilija da kaze za cesnosta na VMRO? |
Датум: 01.12.2010 08:59:31 |
|
Vo kriminalizirana drzava od glava do petici, nisto da ne ve cudi. Taa e skroena po toj terk da iskljucivo mu sluzi na kriminalcite.Kade e sega onaj vecen student na praven fakultet Ilija da kazi deka se se raboti vo sklad so propisiti i po zakonot. pa ludje so godini zso zavrseni fakulteti cesni i posteni " gi merat ulicite" bez rabota, a vakvi dokazani kriminalci si izbiraat rabotni mesta kako sto sakaat. I sega VMRO bila cesna partija. Da cesna kako nevesta devet pati mazena.Sramota i grevota za cesnite ludje ova da go citaat |
|
|
|
|
|
|
|
|