Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Со студентска виза до работа во странство

Во некои ��емји студентите добиваат шанса да се докажат во некоја од тамошните компании по завршувањето на студиите

Жаклина Ѓорѓевиќ


Канада, Англија, Холандија, Америка се земјите во кои македонските студенти имаат шанса да се докажат во некоја од тамошните компании ако се покажат успешни во текот на студирањето. Овие можности им се нудат преку привлечни стипендии за најразлични студиски програми во странство. А, тоа е и главната причина зошто се' повеќе средношколци и студенти се интересираат како да се запишат на студии надвор и со тоа да си обезбедат егзистенција. Процените се дека моментов надвор од земјава студираат од 2.000 до 3.000 македонски студенти, но никој не води евиденција за точната бројка.

„Странските универзитети, за разлика од нашите, водат грижа за своите студенти за тоа каде одат по студиите“, вели Маја Петрушева од Образовниот информативен центар. Според неа, државата во спрега со бизнис-заедницата треба да ја поддржи мобилноста на студентите и да се погрижи тие да се вратат назад по студиите. Петрушева вели дека во странство успехот на нашите студенти зависи од тоа колку се тие успешни во студирањето.

Во Велика Британија, по студирањето, студентите можат со визата што ја поседуваат да останат и да работат две години во некоја од компаниите. Исто толку имаат шанса нашите студенти да останат и во Холандија, додека во Америка времето е скратено и изнесува една година. Најдолго можат да се задржат во Канада, три години.

Образовниот информативен центар, кој годинава прв пат организираше Саем за стипендии, нуди една од најголемите програми за стипендирање за студии во Америка, која покрива 110 универзитети, а скратено се вика ИДЕА. „Се нудат додипломски и постдипломски студии, со тоа што особена поддршка им се дава на спортистите. Стипендијата изнесува од 10 до 90 отсто“, појаснува Петрушева, која вели дека единствен услов е кандидатите да знаат англиски.

Приватниот колеџ „Димитрис Перотис“ во Солун обезбедува 20 стипендии за македонски студенти, а студиите се од областа на економијата. „На крај кандидатите се стекнуваат со диплома од универзитетот ’Велс’ така што кандидатот не мора да ја нострифицира дипломата во Велика Британија“, додава Петрушева.

Широк спектар студии има на американскиот универзитет „Central european university“ во Будимпешта. Тој нуди стипендии за постдипломски и докторски студии. Со стипендиите за магистерските студии се покриваат трошоците за студирање, но се добиваат и плус од 150 до 300 евра месечно. За докторските студии стипендијата изнесува 800 евра месечно.

Посебни стипендии за македонските студенти нуди и ТАСМАК, бизнис- училиште од Лондон, што нуди стипендии со кои се покрива половина од трошоците за студирање. „Студирањето во Лондон нуди можности и шанса за студентите да работат две години, а потоа може да аплицираат за работна виза. Доколку станува збор за студент што добро работи, за компанијата ќе биде навистина погрешно ако не го задржи поради проблемот со визата“, вели Мајкл Осон, претставник од ТАСМАК.

Шанси за работа се нудат и преку Политехничкиот универзитет во Милано, приватен универзитет што нуди програми во областа на архитектурата, дизајнот и инженерството. Годишно се нудат 45 стипендии, но има и такви што ги нудат компании.

Над 40 студенти од Македонија моментно се на магистерски и на докторски студии преку програмата на Европската комисија, „Еразмус Мундус“. Снежана Билиќ-Сотироска, координаторка на Националната Темпус канцеларија, објаснува дека преку оваа програма студентите можат да земат стипендија доколку се примени на најмалку два универзитета во ЕУ.

Од годинава, скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ дава 105 стипендии за најдобрите кандидати-средношколци што аплицираат за прием. Покрај овие, универзитетот нуди уште три вида стипендии за најдобрите студенти.


#
Статијата е прочитана 1416 пати.

Испрати коментар

Од: coki
Датум: 30.11.2010 20:38:31
neka ne vi go perat pametot! rabota nema za nivnite deca, ne pa za mnogu obrazovanite makedonci!!! vo amerika posle septemvri 11ti , pogolemiot broj od kompaniite ti kazuvaat otvoreno deka ne sponzoriraat! v britanija imaat nova politika, vo slucaj na prevrabotenost prvo gi brkaat strancite! taka da kogo lazete? ako sam ne se snajdes, zaboravi na firma sto ke ti pomogne za sponzorstvo za dokumenti! a za stipendii davaat! ama udri go esapot kolku ke potrosis dodeka zavrsis, a potoa ke treba da se vratis vo makedonija i da zimas 300 evra plata!
Од: mario.usa
Датум: 01.12.2010 00:03:56
potpolno se slagam so coki.jas sum vo amerika vece 10 godini i poznavav eden cup nasi deca sto zavrsija tuka fakulteti pa nikoj ne uspea [legalno] da ostane.niedna firma nema da im pomogne, kako vo amerika da nema amerikanci so fakultetsko obrazovanie.i za niv nema rabota,kriza e.ova samo gi lazat nasite deca da im gi soberat parite i nisto povece.se e laga i igra na nekoj nasi povrzani so stranski skoli da profitiraat.ne trosete pari zaludno po stranski skoli koga na kraj ce imate samo diplomi a nikakvo fajde. pozdrav.
Од: usa
Датум: 01.12.2010 02:44:35
jas imam mnogu prijateli koj se na rabotna viza vo amerika ostanati posle zavrsuvanje na fakultet. da ne zborime za 100 000 indici koj rabotat vo zemjava. zavrsuvaat fakultet i se snaodjaat kako taka za rabotna dozvola. preku h1, o1 itn gi imaat razraboteno site dupki vo sistemot i posle 8 godini stanuvaat drzavjani. zaklucok, za toj sto saka ima rabota i rabotna dozvola vo usa!

Најди! во Утрински
Македонија
Наместо во Солун, на шопинг во Гевгелија?
Сидата се шири меѓу хомосексуалците
Битолчани ќе се греат на дрва
Државата не води грижа за хендикепираните
Зоната кај Алинци виртуелен проект
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
И вакцинирани се заразиле од мали сипаници
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society