Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Наместо во Солун, на шопинг во Гевгелија?

Пред гран��чниот премин Богородица треба да се гради
трговски центар со 135.000 квадрати корисна површина

Билјана Ангеловска

Граѓаните од Македонија нема да треба веќе да одат на шопинг до Солун. Наскоро ќе имаат можност ваквото задоволство да си го дозволат дома, во Гевгелија, бидејќи непосредно пред самата граница со Грција е планирано да се гради огромен трговски центар, нешто слично, па дури и пограндиозно од солунскиот „Космос“!

Изградбата на големиот шопинг мол во близина на граничниот премин „Богородица“ е предвидена со Урбанистичкиот план, кој Општина Гевгелија го донесе годинава по нарачка на Владата, и тоа во брза постапка. Земјиштето со површина од над 30.000 квадратни метри наменето за трговски комплекс „Граничен премин Богородица“ се наоѓа од десната страна на автопатот во правец кон границата со Грција, во соседство на казиното „Фламинго“, во непосредна близина на мотокрос-патеката и на само 50-ина метри од реката Вардар.

Министерството за транспорт и врски деновиве распиша јавен оглас за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во општина Гевгелија. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 1.000 денари за квадрат. Парцелата е со големина од 32.286 квадратни метри, од кои површината за градба изнесува 22.600 квадрати, а вкупната корисна површина достигнува до 135.000 квадратни метри. Со урбанистичкиот план е дозволена изградба на објект на приземје и пет ката, со висина на венец од 21 метар.

Од општината Гевгелија велат дека ова е втор обид на државата да го продаде земјиштето. Првиот пат било понудено со почетна цена од 2.000 денари квадратен метар. Дали скапиот квадрат бил причината зошто не се јавил ниеден купувач, никој не знае да каже.

Сепак, од Општината велат дека за конкретната локација постои голем интерес и тоа, пред се', од странски инвеститори.

Досега за земјиштето се интересирале Израелци, инвеститори од Дубаи, Руси, Кинези, но и Грци. Кој од нив колку сериозно е заинтересиран да стане газда на ова, како што велат гевгеличани, исклучително атрактивно земјиште, ќе се знае набрзо по завршување на оваа лицитација.

А, дека земјиштето се наоѓа на многу добра локација, доказ е новиот урбанистички план што го изготвува Општина Гевгелија. Овој план се однесува на урбанизација на нови 12 хектари, кои опфаќаат земјиште од двете страни на автопатот, а на кои се предвидува изградба на туристичко-угостителски комплекс од хотели, ноќни клубови, спа-центри. Планот треба да биде донесен веќе до крајот на годинава, а со него се брза бидејќи, како што дознаваме, имало најави дека некоја индиска групација е заинтересирана да гради хотели од синџирот „Ројал таунус“.

Изградбата на големите молови и хотелски комплекси во Гевгелиско, несомнено ќе придонесе за брз развој на општината Гевгелија која само од комуналиите што ќе ги наплати за сите овие објекти, а изнесуваат по 25 евра од квадрат, прилично ќе ја наполни својата каса.

Но, граѓаните ќе можат да шопингуваат и во другите градови низ државава. Ако не им се патува до граница, скопјани, покрај веќе многубројните трговски центри, за некоја година ќе можат да трошат пари и во двата нови кои допрва ќе се градат на територијата на општина Гази Баба. Државата понуди на продажба две парцели во оваа општина и тоа една во Маџари, веднаш зад истоименотото кино, со големина од 4.058 квадратни метри на која е дозволено на површина од 1.949 квадрати да се изградат вкупно 5.130 квадратни метри. Трговскиот центар може да биде висок најмногу 13,20 метри и да има две приземја и два ката. Во Хиподром, пак, се продава парцела од 2.328 квадратни метри, од кои под градба можат да бидат само 960 квадрати на кои може да никне објект на приземје и еден кат со максимална висина од 10,2 метра. И двата плаца се продаваат со почетна цена на земјиштето од 5.400 денари за квадратен метар.

Голем трговски центар ќе се гради и во општина Свети Николе, каде за почетна цена од 2.400 денари квадрат се продава земјиште со вкупна површина од 4.400 квадратни метри. Трговски комплекси ќе се градат и во Струга на површина од 2.000 квадратни метри, на левата страна од патот Струга - Ќафасан, но ова земјиште се' уште не е понудено на продажба.


#
Статијата е прочитана 8533 пати.

Испрати коментар

Од: no name
Датум: 30.11.2010 13:25:55
А кога ќе почнат да се градат фабрики???? За шопингување требаат пари, а како што одат работите во Македонија луѓето ќе бидат платежно способни уште за леб и млеко, а прашање е и за тоа...Ќе се распродаде се` за трговски центри покрај кои голем дел од народот можеби ќе поминува, ама малку веројатно дека ќе влегува и пазари...
Од: 3G
Датум: 30.11.2010 13:49:08
Fabriki nema da se gradat bidejki sekade vo svetot se napustaat i tie sto se izgradeni. Fabrikite znacat pustos za zivotnata sredina koja i taka veke e pred kolaps. Razvieniot svet go napusti ekonomskiot koncept na industrijalizacija i premina vo faza na post-industriski opstestva i ekonomii. Politicka propaganda i teska manipulacija e povikot za gradenje na fabriki i plukanje po nekogo sto toa ne go pravi. Umre toa. Tezisteto na ekonomskite aktivnosti sega e vo sferata na pazmenata i raspredelbata za razlika od porano koga bese vo materijalnata sfera na proizvodstvoto vo posiroka smisla na zborot.
Од: DO 3G
Датум: 30.11.2010 14:22:23
Si slusnal za ekoloski fabriki? A i da ne gradime takvi, treba prvin da imame fabrika nekoja za da napravime pustos na zivotnata sredina. Od vakvi objekti se znae koj se bogati samo. Site vnatre sto ke rabotaat pak ke zemaat po 200 evra plata i ke r'mbaat po 10-12 saati.
Од: до 3G
Датум: 30.11.2010 14:23:41
3G пред да напишеш нешто - размисли. Доколку нема фабрики - како ќе се полнат трговските центри? Па подобро ќе биде кај нас да се изградат тие фабрики што ги полнат трговските центри со роба. Така населението и ќе работи, и ќе има пари за шопинг, и парите ќе се вртат во државава. Моментално ништо од горенаведеното не се случува. Губиме 3-0 !!!!
Од: no name
Датум: 30.11.2010 14:42:49
Толку му е тешко на овај народ да свати дека не е ова појќе комунизам и дека нема појќе градење фабрики на државна сметка? Зарем никој не ги гледа барањата од ЕУ дека се што е државно треба да се приватизира и да остани само државната администрација во најмал можен број? Единствено решение за фабрики во МК се странските инвестиции кои ја заобиколуваат МК пред се заради немањето стручен кадар... пред се ИНФОРМАТИЧАРИ, државата упорно го стимулира ова подрачје а сепак никој несака да го учи. Само кај нас никој несака да учи а сака да биди директор и да си биди на државно (нишај врата земај плата) ЕПА ТО ВРЕМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ЗАВРШИ!!! ИЛИ ЌЕ СИ НАУЧИШ И ЌЕ СИ БИДИШ СТРУЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН ВО НЕКОЕ ПОЛЕ И ЌЕ СИ НАЈДИШ РАБОТА ИЛИ ЌЕ ПЛУКАШ ПО ВЛАДАТА ДЕКА ТА ТИ Е КРИВА! А СЕ ДОДЕКА ВИЕ ПОСТАРИТЕ ИМАТЕ ДЕЦА ШТО НЕ ГИ ТЕРАТЕ ДА УЧАТ ТУКУ ГИ РАЗГАЛВАТЕ И ГИ ОСТАВАТЕ БЕЗ НИКАКВО ЗНАЕЊЕ АВТОМАТСКИ ГИ ОСУДУВАТЕ НА ПРОПАСТ ИСТО КАКО И ВА��!!! најлесно е кога кривицата се префрла на друг....
Од: razbudi se makedonce
Датум: 30.11.2010 15:44:59
drzavata da gradi fabriki???????a koj ke bide gazda na tie fabriki? Nekoi lugje go utnale vremeto i ziveat vo svetot na sonistata i nikako da ja poglednat realnosta.A nekoi, ovie vakvite ke gi iskoristi za politicki poeni.
Од: јас
Датум: 30.11.2010 16:39:28
Абе 3G дали така почнаа да ве учат во портокаловата ви партија?! Нема странски инвестиции и оп , не требаат побеќе фабрики !Ова е веќе виц на годината ( а богами има доста кандидати за таа номинација , овие твоиве портокали).Добро бе , батка, со кој акал си го п(ре)ишувал коменатрот?! НЕ ТРЕБАЛЕ ПОВЕЌЕ ФАБРИКИ и светот го напуштал градењето на фабрики ?! Па во што ќе се произведува се’ она што ти и твоите ќе го трошат секојдневно.На зелена ливада?! Па и нив ги уништи овчарот твој со отворање на универзитети..А што ќе се продава во тие „СИЛНИ “ трговски центри? Боже , прости ми , ама има многу глуп народ на планетава !
Од: o2
Датум: 30.11.2010 16:46:41
A zasto da ne....sepak Gevgelija e Makedonija i parite ke ostanuvaat vo nasata drzava....Nekoj od komentarite se zasto nema fabriki ...pa sega toa e prasanje na mesto no temava e za Gevgelija
Од: snajper
Датум: 30.11.2010 19:54:16
Pa graganite ne odat samo na shoping be ajvani.. odat da se rosetaat da vidat nesto ubavo.. sto ke vidat ovde kaj nas..
Од: Od fakelaki
Датум: 30.11.2010 21:08:19
A sto ke vise Fabriki ramci veliu ke gi oplacka i zatvorat kako SvidMilk i ostalite Fabriki za vas samo komunizmot nazat.......
Од: fani
Датум: 30.11.2010 21:41:44
gradete bolnici,mnogu popametno ke bide
Од: Za 3G
Датум: 30.11.2010 23:27:32
Tolku kontradiktornosti i gluposti vo tri reda ne sum procital odamna. Vrz baza na sto bi se sozdala razlikata od raspredelbata? Prodavanje vetar i magla? Ili mozebi ke im prodavame tehnologija, IT resenija ili bankarski instrumenti na ostanatite drzavi?Ne znaev deka sme tolku razvieni . Fabrikite nosat realno proizvodstvo, izvoz, devizi rast . . .Potrosuvackite ekonomii se sekogas predmet na manipulacija i oscilacii i pogolemi kreditni rizici
Од: mene
Датум: 01.12.2010 00:02:15
ќе градат и болници.Сега имаат еден семестар како се прави кровна конструкција кога ќе положат ќе почнат
Од: Купувач
Датум: 01.12.2010 02:21:27
Убаво е конечно да имаме голем трговски центар. Само и јас се прашувам кој ќе купува, бидејќи има се повеќе продавници а се повеќе луѓе осиромашуваат. И да, секако е добро да се учи и да се вложува во образованието. И би било добро утре да има работа за школуваните, а не како што гледам овие десет дена по ред влегувам во такси и секој пат ме вози некој со факултет, еден само беше со виша, а еден и со постдипломски, па иако не ми се разговара самите почнуваат муабет и кажуваат за себе и сите се жалат дека со мака заработуваат. Се прашувам дали утре ќе сретнам и доктор на науки во такси возило :)
Од: Jordan-Lerin
Датум: 01.12.2010 07:48:08
Jasno e veke. Na pechalba vo EU i na 'shoping' vo Gevgelija. A na letuvanje vo Ohrid :-)
Од: Trpe
Датум: 01.12.2010 10:22:45
umno... vo shoping centarot ke ima i benzinski pumpi, frizerki, stomatolozi, se i seshto i sigurno ke dovagaat i mnogu grcki kupuvaci..
Од: natasha
Датум: 01.12.2010 10:53:58
Seto toa e mnogu ubavo samo narodot nema mok da pravi soping a dodeka da se napravi seto toa, koj znae sto ke stane... isto i grcite odat nazad, znaci idejata e dobra ama krajnata cel nesigurna. I taka ima dosta soping centri niz Makedonija, posebno niz Skopje ama koga bev tamu bese ocebvidno deka lugeto poveke gledaat od sto kupuvaat, pa zatoa, prvo fabriki pa posle soping, nikojanema da odbie, posebno zenite... oti toa e lek za zenskite dusi... pozdrav

Најди! во Утрински
Македонија
Со студентска виза до работа во странство
Сидата се шири меѓу хомосексуалците
Битолчани ќе се греат на дрва
Државата не води грижа за хендикепираните
Зоната кај Алинци виртуелен проект
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
И вакцинирани се заразиле од мали сипаници
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society