Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Битолчани ќе се греат на дрва

БИТОЛА - Жителите на Битола повторно ги запалија старите печки на дрва. Исплашени од поскапата струја откако битолска Топлификација пропадна и најголем број од колективните згради се откажаа од централно греење, граѓаните пресметаа дека најисплатливо е греењето со дрва.

Анализите на „Македонски шуми“ покажале дека во споредба со изминатите години, продажбата на огревно дрво во Битола и околината е зголемена од 15 до 20 проценти. Во една сезона битолчани трошат околу 60 илјади кубни метри огревно дрво.

„Дрвото е најевтин начин за греење. Потрошувачите се за заинтересирани за овој вид огрев и поради тоа што РЕК ‘Битола‘ веќе не испорачува јаглен за домаќинства“, објаснува Митко Стојановски, раководител на подружницата на „Македонски шуми“ во Битола.

Зголемената побарувачка на дрва во регионот не претставува проблем за „Македонски шуми“. Просторен метар даб чини 2.454 денари, цената на буката изнесува 2.372 денари, а сечениците се продаваат по 1.711 денари. Битолчани се интересираат и за греење со пелети. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 832 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Наместо во Солун, на шопинг во Гевгелија?
Со студентска виза до работа во странство
Сидата се шири меѓу хомосексуалците
Државата не води грижа за хендикепираните
Зоната кај Алинци виртуелен проект
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
И вакцинирани се заразиле од мали сипаници
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society