Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

И вакцинирани се заразиле од мали сипаници

Малите сипаници земаат замав. За време на викендот се регистрирани десетина нови слу��аи на заразени од мали сипаници, или вкупниот број заболени од 141 се искачи на 150. Меѓу нив има уште еден случај на дете, кое и покрај тоа што било вакцинирано со две дози, се разболело од морбили. Ова е втор ваков случај, а здравствените власти велат дека нема простор за паника. Стручњаците објаснуваат дека вакцинацијата не значи и стопроцентна заштита од болеста, посебно ако се во прашање лица со послаб имунитет.

На Инфективната клиника во Скопје во моментот се згрижени три заразени лица со морбили поради компликации на белите дробови. Од нив, две се бебиња од два и од осум месеци, како и 34-годишна жена. Двомесечното бебе закрепнува и денеска, најверојатно, ќе биде пуштено дома, а како што информираат од Инфективната клиника, во добра здравствена состојба се и другите двајца пациенти.

Од Министерството за здравство велат дека е почната и вонредната акција за вакцинирање на децата, која тече нормално. Бебињата се вакцинираат на шест месеци, а препораката за сите лица до 40 години, кои не прележале морбили и не се заштитиле навреме, да се вакцинираат. До 18 години вакцинирањето е во вакциналните пунктови,а за другите лица во Институтот за јавно здравје. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Наместо во Солун, на шопинг во Гевгелија?
Со студентска виза до работа во странство
Сидата се шири меѓу хомосексуалците
Битолчани ќе се греат на дрва
Државата не води грижа за хендикепираните
Зоната кај Алинци виртуелен проект
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society