Брoj 2776  понеделник, 01 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нов фронт меѓу Костовски и Владата

Во владината акција за чистење на Вардар се ангажирани јавни претпријатија од Скопје без одобрение на градоначалникот

Билјана Ангеловска

Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, отвори нов фронт против Владата. Завчера го разреши раководителот на Секторот за комунални дејности, Зоран Лапевски, поради тоа што без негово одобрение ги ангажирал градските јавни претпријатија да учествуваат во акцијата за чистење на коритото на реката Вардар што ја организираше Владата.

Костовски, лут бидејќи бил прескокнат, со разрешувањето на првиот човек на градскиот Сектор за комунални работи практично испраќа порака до сите директори на јавни претпријатија, но и до раководителите на секторите во администрацијата на Скопје дека во иднина нема да толерира никакви слични излети без негово знаење. Лапевски си заминува од функцијата поради тоа што акцијата ја договарал со Министерството за транспорт и врски, а не со градоначалникот.

„Една добра идеја, чистење на коритото на реката Вардар, се претвори во дезорганизирана кампања, во арогантно потценување на законите и редот во работењето и во понижување на градската администрација“, се вели во соопштението што го испрати вчера Секторот за поддршка на градоначалникот на Скопје, потенцирајќи дека скандалот во односите Град - Влада е создаден од чисто партиско-политички причини.

Костовски ја обвинува Владата дека се меша во ингеренциите на Градот. Според него, акцијата не може да се спроведува без соодветна програма и проект и без да се знае кој ќе биде негов носител. Тој вели дека Градот Скопје нема пари за дополнителни трошоци на претпријатијата за чистење на кејот. Дотолку повеќе што Градот веќе потрошил 400 илјади евра за чистење на коритото на Вардар во Скопје, а Владата сега повторно ги чисти истите места. Оттаму, градоначалникот прашува кој ќе преземе одговорност за тоа што двапати се трошат пари од граѓаните за една иста работа.

„Ова не е првпат да се инфилтрираат работи. Со оваа благородна акција се дезавуира и се понижува Градот, а јавните претпријатија се третираат како сопственост на Владата, а не на Градот Скопје. Затоа нашата реакција е сосем нормална и без никакви претензии. Јас не сум за влошување на односите со Владата, но барам ред и поредок во државата, особено на релација Град Скопје - Влада“, вели градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

Претседателката на Советот на Скопје, Ирена Мишева, која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пак, отворено се стави на страната на Владата и го обвини Костовски дека не знае да се справува со функцијата градоначалник.

„Тоа што веројатно се случени одредени пропусти во комуникацијата во самата градска управа, односно помеѓу управата и градоначалникот, не е проблем со кој треба д�� се занимава централната власт. На акцијата и' претходеле неколку средби помеѓу одговорни лица од Градот Скопје, а дали за сето тоа бил информиран или не градоначалникот, не е пропуст на централната власт“, рече Мишева.

И ВМРО-ДПМНЕ е на иста линија со Мишева. Партијата на власт не се согласува со одлуката на градоначалникот да го разреши раководителот на градскиот Сектор за комунални дејности само поради тоа што, како што велат, „си ја завршил својата обврска и ја сработил задачата“. ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека Владата и без Трифун Костовски ќе ја заврши докрај акцијата за чистење на коритото на Вардар. Од главниот организатор на акцијата, пак, Министерството за транспорт и врски, немаат објаснување зошто не било контактирано со градоначалникот Костовски. Од градскиот Сектор за поддршка на градоначалникот се потенцира дека намерно се создава клима на драматична криза во односите Град Скопје - Влада, со цел да продолжи „политичкиот линч“ на Костовски.

Ова не е првпат градоначалникот на Скопје да дојде во директен судир од Владата. Пред само половина месец Костовски отворено се спротивстави на едностраната одлука на централната власт да го поништи тендерот за набавка на 45 нови едноподни автобуси за јавниот превоз на Скопје и нејзината решеност да купи двокатни автобуси. Бидејќи и оваа владина одлука беше донесена без негово знаење, а во договор со директорот на ЈСП „Скопје“, градоначалникот експресно го смени првиот човек на претпријатието и назначи нов и притоа јавно се закани дека ќе му наложи на ЈСП да ги врати парите што ги даде Владата за набавка на нови автобуси.

Костовски се конфронтираше со Владата и кога отворено се спротивстави на одлуката да се гради црква на плоштадот „Македонија“. Дека не се шегува кога вели дека последните измени на ДУП „Мал ринг“ со кои се дава зелено светло за изградба на црквата, но и на уште неколку други објекти во срцето на градот, се донесени по незаконски пат, градоначалникот докажа така што изменетиот ДУП го даде на Уставен суд. (Б.А.)


Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар

Од: Gordana
Датум: 01.09.2008 01:20:55
Navistina delot na kejot okolu gradskiot park se chisti dvapati ednopodrugo vo tekot na letovo. Vo dnevniot pechat neodamna se pojavi prilog za Vardar vo delot okolu Saraj za toa kolku mnogu e nechist i nesreden so godini pa i decenii nanazad. Se prashuvam so vladinite pari zoshto ne se fokusiraat poveke na toj del od Vardar bidejki vodata go nosi smetot vo ischistenite delovi ?Ochigledno dinamikata na chistenje e nelogichna i nekordinirana. Druga zabeleshka mi e vo vrska so ischisteniot del - pred malku se vrativ od proshetka po kejot - neverojatno kolku mnogu plastichni shishinja i gubre rasrlale mladite skopjani i na kejot i vo koritoto vo tekot na poslednive dva dena. Pred dva dena beshe mnogu, mnogu pochisto. So ovoj narod se e zaludno!!!!
Од: jimmy1
Датум: 01.09.2008 04:43:45
Prvo uste od pocetokot jas bev protiv vakva teritorijalna raspodelba zosto mislev deka gradonacalnicite ke se odnesuvaat kako zapadni serifi i ke pravat na svoja glava sve sto ke im tekne. Bideki veke prifativme takva raspodelba treba da se ima zakon do koja granica imaat pravo teritorijalnite samoupravi da rabotaat na svoja glava a i do koja granica moze vladata da se mesa vo rabotata na teritorijalnite samoupravi-opstini. Po se izgleda deka od seto toa se stvori samo haos i ne se znae koj jade, koj pie a koj placa, a po se izgleda deka postojat posebni zakoni za teritoriite , kade sto se gradonacalnici albanci a poseben zakon kade se makedonci. Albanskite gradonacalnici pravat sve sto ke im tekne, nezakonski menuvaat iminja na ulici na albanski, iminja na ucilista i red drugo, a vladata ne zema nikakvi merki da se spreci albanizacijata na Makedonija, a dodeka vo teritoriite kade sto se gradonacalnici makedonci se odnesuva kako da se pod nejzina nadleznost.
Од: mane
Датум: 01.09.2008 07:42:00
Исправно е Владата да го праша Костовски дали има пари за да го очисти кејот на Вардар, па ако нема да му даде и тој да го организира чистењето со истите комунални претпријатија. И да не го бива Костовски, тоа е начинот на кој треба да се работи. Но ако нема пари, тогаш тој што има пари а го прескокнува тој што нема, старите луѓе велат дака тој се чалами. Па проблемот е тука некаде, околу парите и престижот со парите. По селен е тој што има пари.
Од: I wrote it
Датум: 01.09.2008 10:05:35
Kolku razbrav, Vladata odlucila da se cisti Vardar od izvorot vo Vrutok do grckata granica. Da bese samo vo Skopje, ke se slozev deka se mesa vo ingerenciite na gradot. Megutoa vaka, poveke mi izgleda deka Trifke odlepil. Nikoj ne go vrti, on neznae da raboti, ni go unisti gradov, pa sega se buni nekoj ako cisti!!! Mislam deka treba na Trifke da mu se dade uste eden mandat da "se dokaze". Ne bese dosta sto go lapna "Kermes", Koki so si go naprai "V2" na sred plostad i sto go prevzemaa FK Vardar. Koj da mu misli na cistotija, covece. Trifke tera business...
Од: zare
Датум: 01.09.2008 10:31:22
Ne mi se veruva deka ne go prasale Trifuna.A on samo sto mislese da go iscisti. GREOTA
Од: Jane-Melbourne
Датум: 01.09.2008 13:11:16
Sto se zamisluva skopskiot gradonacalnik, deka stana od obicen pravnik do novopecen bogatas pa si zamisluva deka ke ja kontrolira i cela Makedonija.So negovata odluka za sabotiranje na Makedonskite ubavini toj samiot sebesi si ja prepisa svojata presuda.Jas bi predlozil do antikorupciskata komisija da go stavi na proverka negovoto prekunokno bogatenje.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 01.09.2008 13:18:00
Poslednite nekolku godini Trifun K. vo sredisteto na nekolku zabelezitelni nastani. Neuspeh vo Rakometnata federacija, vo Fudbalot odnesuvanje kako se da e negovo, rasturi fudbalski klub koj tesko no zasluzeno se izdigna, gradeznite aferi vo Skopje, dobropoznati, poslednata tepacka na Geradski i sl. Vo meguvreme, najgolem trgovec so arheoloski bogatstva vo Makedonija, i najmalite go znaat toa. Se sto e od Valandovo, D.Kapija i tikvesijata, se toj kupuva i sl. Za gradot Skopje da ne pravime muabert. B.Crvenkovski vremeno kako vreka go otfrli vo bitkata za Pretsedatelski kandidat i mn. drugi raboti. Nekogas mislev deka e najpozitivna licnost vo Makedonija, deneska mislam deka e ramo do ramo so najgolemata bagra. Ne e se vo parite i silata koja proizleguva od niv. Nekogas i covecnosta e potrebna.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Ред искуство, ред шминка
Тежок инцидент по мечот Вардар - Ренова
Имаме визија за обнова на ПДП
Њу Орлеанс панично се евакуира пред налетот на „Густав“
ДПА и ДУИ се за признавање на независно Косово
Груевски да пресече
Грција како алиби
Нишикори прави чуда на Ју-Ес опен
Неделава ќе се знае зошто падна „цесната“ кај Охрид
Новата учебна година почнува без професори и учебници по веронаука
Мацо моја, таго моја
Вербатим
Мекејн ја избра анонимната Сара Пeјлин за потпретседател
Карикатура